Кога кинескиот автомобилски концерн Great Wall Motor прикажа многу убедливи нови модели на салонот Ауто Кина во Пекинг, во септември 2020 година, многумина веруваа дека тоа е само вештачка еуфорија и дека до стартот на продажбата на тие модели ќе мине уште долго време. А, тоа што се случуваше во меѓувреме е чиста спротивност. Haval H6 од третата генерација веќе подолго од една година е во продажба на македонскиот пазар, летоска беше на тест-возење и компактниот СУВ-модел Jolion, а за многу кусо време ќе следи и домашна премиера на новата марка на концернот Great Wall Motor, марката Poer специјализирана за пикапи.
Уште еден голем новитет од Great Wall Motor го чека стартот на македонскиот пазар. Токму со своите пикапи, кинескиот концерн изгради име меѓу компаниите – мали, средни, големи – што во изминативе години го вклучија пикапот Steed во своите возни паркови. Новата марка во концернот, покрај познатите Haval (СУВ-модели), Wey (премиум модели), Ora (електрични автомобили), специјазирана е за пикапи. Името на марката е Poer, што треба да асоцира на Power, на моќ, и така е замислено да се изговара.
Македонскиот увозник на марките од концернот Great Wall Motor, скопската компанија Толту Моторс, неодамна се пресели во нов објект и меѓу големите новини по тој повод, на претстојното свечено отворање ќе биде изложен и пикапот Poer.
Моделот ја имаше својата светска премиера во август 2019 година, а на 30-ти август веќе беше започнато сериското производство. Тогаш GWM уште го именуваше новиот модел како P-Series. Многу е вложено во развојот на пикапот, и тоа секако дека е направено со голема цел. Кинескиот концерн цели со Poer да се најде меѓу водечките три производители на пикапи во светски рамки, покрај Toyota и Ford. Амбицијата е до 2025 година да се достигне продажба од 3 милиони примероци.

Логото е изведено од латиничната буква P, и посочува на три нешта, на Power, Peak и Perfect. Производителот го опишува својот Poer како возило што поседува комфор на лимузина, теренска способност на СУВ, карактер на семејно комби за рекреација во слободно време, а на крајот, издржува товар како лесен камион. GWM вели дека нуди четири автомобили во едно.
Престижниот пикап е конструиран врз новата платформа P71 од сопствен развој на GWM, со нагласок на безбедноста, комфорот, оптимираната тежина и приспособливоста.
Исто како и моделите од останатите марки на концернот, Poer не е замислен да биде евтин и едноставен, туку напротив, да понуди колку е можно повеќе луксуз и технологија за парите. Тоа можеби е спротивно на очекувањата на дел од сцената, која што уште ги замислува кинеските автомобили како евтини, малечки и небезбедни, но реално пазарот уште одамна научи да ги цени реалните вредности на овие возила.
Опременоста дава најдобра слика за карактерот на Poer: Автоматски клима уред, задни паркинг сензори и камера, темпомат, сензор за дожд, поврзување преку Apple CarPlay и Android Auto, средишен дисплеј од 9 инчи, алу-тркала од 18 инчи, тоа се само неколку од ставките. Great Wall наведува дека има извршено преку 100 зафати за звучна изолација.
Во цената на Poer во првото ниво Premium од 38.000 евра, повеќе учествуваат интелигентниот погон на сите тркала, со технологија на Borg Warner, и 8-степениот автоматски менувач. Моторот е дволитарски турбо-бензинец со 190 КС и вртежен момент од 360 њутнметри при 1.800 вртежи.
Тоа што GWM го постигна со овој пикап, односно со издвојувањето на своите престижни пикапи под посебна марка Poer, почна да се насетува уште во декември 2019 година, кога новоизградената фабрика во Чунцин пријави декла произвела 10.000 примероци од возилото. Poer брзо стана најпродаван пикап на кинескиот пазар, во ценовниот сегмент над 100.000 јуани.

По една година од почетокот на производството во новата фабрика во Чунцин, изградена за 14 месеци, Poer веќе броеше 100.000 произведени примероци
Во 2020 година, во првите девет месеци во Кина биле продадени повеќе од 340.000 пикапи. Poer учествуваше во оваа бројка со 160.000 пикапи, што значи дека од секои два продадени пикапи во земјата, еден бил Poer.
Првите возила што Great Wall ги извезе од земјата беа токму пикапи, во 1997 година. Оттогаш, концернот во континуитет е најголем производител на пикапи во земјата и воедно најголем извозник на пикапи.
Poer учествуваше и во експедицијата за новото прецизно мерење на висината на Монт Еверест
Пред две години, концернот славеше 10 милиони произведени возила од сите свои марки. Poer уште рано почна да се извезува во Бахреин и Саудиска Арабија, птооа во Чиле освои награда за најдобар пикап, а исто и во изборот на возила на годината во регионот на Аустралазија, во организација на тамошното издание на Autocar, моделот на GWM победи во категоријата на пикапи. На тоа следеше и награда за најбезбеден пикап на краш-тестовите на A-NCAP.
На 8-ми мај од Чунџин излезе 300.000-от примерок од Poer, по 2 години и 8 месеци, што е соодветен рекорд. Во Кина веќе се продаваат стандардна хибридна и приклучна хибридна изведба.
Техничките податоци и опременоста на Poer може да се погледнат во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК
Линк до страницата на увозникот
https://www.greatwall.com.mk/
















