Италија ги продава владините автомобили

Владата на Матео Рензи е инвентивна во штедењето и огласи 52 државнички лимузини на наддавање на интернет. Заинтересирани купувачи има многу, а државната каса ќе се наполни за стотици илјади евра.

Во рамките на стратегијата за штедење, италијанската влада даде на наддавање 52 тешки министерски лимузини на интернет сервисот Ebay. Во државната каса се влеаја 371.400 евра. Повеќе од еден милион корисници на интернет ги прегледале огласите на возилата, меѓу кои има модели од марките Alfa Romeo, Lancia и Audi. Во огласите сепак не се наведуваат корисниците на скапите автомобили.

Уште поголем прилив на пари во државната каса се очекува кон крајот на април, кога ќе бидат дадени на наддавање девет модели на Maserati од министерството за одбрана. До крајот на мај на овој начин ќе се отуѓат вкупно 151 владини автомобили.

Новиот шеф на владата Матео Рензи најави голем план за штедење во почетокот на март. Младиот премиер планира на подолг рок драстично да ја намали државната администрација, како и да го укине сенатот.

Претходна објаваBMW i3 е најдобро дизајниран автомобил во светот за 2014 година
Следна објаваФејслифт на омилениот Volkswagen на Американците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here