Кампањата на Mercedes-Benz прикажува дами, кои го совладуваат патот кон својата цел со моќ на духот и со храброст.
Точно за светскиот ден на жените, Mercedes-Benz ја започнува кампањата, што е посветена на прашањето: Како би изгледало живеењето во свет, во кој е уште повеќе вообичаено, жените да туркаат наводни „машки кариери“. Тоа што го порачува масивната кампања на премиум марката е свет, во којшто половите не се тема, затоа што повеќе не е исклучок жената да работи во одредени подрачја, што се ценело дека им припаѓаат на мажите.
Трите главни ликови во кампањата на Mercedes-Benz се тесно поврзани со компанијата. Таа ги подржува во остварувањето на нивните цели и соништа.
Бетина Фецер, директорка за односи со јавност и маркетинг во Mercedes-Benz AG, ќе каже: „Повторно го користиме нашиот досег во друштвените мрежи, за активно да придонесеме за свет, во којшто се ценат разновидноста и рамноправноста. Една компанија, исто како и едно општество, само со взаемна почит и ценење на вредностите може да биде успешна.“
Mercedes-Benz уште во 2006 година, беше меѓу првите претпријатија во Германија, коишто доброволно си ја поставија целта, учеството на жените на раководни места да го зголемат на 20 проценти до завршетокот на 2020 година. Во моментов, едно од четири раководни места им припаѓаат на дами. Следната цел е 30 проценти до 2030 година. Во управниот одбор, пак, три од осум членови се жени, што соодветствува на застапеност од 40 проценти.
Во средиштето на емотивниот филм на кампањата е Рема Јуфали, прва тркачка од Саудиска Арабија. Таа вози Mercedes-AMG GT3 во светскиот GT Challenge. Ади Офек е вториот лик во кампањата. Таа е родена во Израел во 1971 година и студирала бизнис економија и финансии на Универзитетот Тел Авив. Во април 2000 година, Офек почна да работи во Daimler Financial Services во земјата. Со постојано напредување во кариерата, Израелката денес е одговорна за сигурноста од напад на електронските системи во автомобилите Mercedes‑Benz.
Дамското трио го заокружува 21-годишната Јохана Вајс, професионална е-спортистка. Германката денес игра во SK Gaming, за тимот на SK Avarosa.
View this post on Instagram
















