за

Kia Niro е Светски автомобил на 2023 година во избор на жените

Точно како што беше најавено, на 8-ми март, на Светскиот ден на жените, прогласен е најдобриот автомобил на годината во светот. Изборот годинава падна на Kia Niro.

Шест автомобили, победници во одделните категории на изборот за најдобар автомобил на годината според гласовите на жирито составено исклучиво од жени, продолжија да се натпреваруваат за најпрестижната титула во овој избор, за победникот меѓу сите победници. Тоа е Kia Niro.

Жирито што е составено исклучиво од жени, од 63 најистакнати автомобилистки од 43 држави ширум светот, поминаа илјадници километри во тестирање на новите модели автомобили во изминатите 12 месеци. Врз основа на искуствата што дамите ги стекнаа зад воланот и во сите подрачја на автомобилот, во претходната фаза беа избрани победниците во шесте категории што го сочинуваат изборот.

Победниците по одделните категории во Светски автомобил на 2023 година во избор на жените се:

Kia Niro – во категоријата на градски автомобили
Jeep Avenger – во категоријата на семејни СУВ-модели
Citroen C5 X – во категоријата на големи автомобили
Nissan X-Trail – во категоријата на големи СУВ-модели
Ford Ranger – во категоријата пикапи и модели 4х4
Audi RS3 – во категоријата автомобили со високи перформанси

За победник во конкуренција на сите категории е изгласан Kia Niro, модел што лани дебирираше во својата втора генерација. Главната одлика на овој модел на Kia е во тоа што се нуди во три изведби со електрифициран погон, односно како хибрид, како приклучен хибрид и како целосно електричен кросовер.

Niro во почетокот на летото ќе биде достапен и на македонскиот пазар, во годината во којашто Киа Македонија ги воведува сите три варијанти на електрифициран погон во понудата за македонските возачки и возачи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz со светска кампања за рамноправноста на жените

Tesla повторно поевтинува, тоа не им се допаѓа на сите