Porsche и Ferrari притискаат за е-горива, додека ЕУ се бори за крај на моторите

Porsche 911 GT3

Спортските марки Porsche и Ferrari се најдоа во средиштето на дебатата во ЕУ, околу плановите да се стави крај на ерата на моторите со внатрешно согорување. Тие ги водат преговорите во сосем друга насока.

Двата производители бараат исклучок што ќе важи за вештачките е-горива, во плановите на ЕУ да ја запре продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување по 2035 година.

Германската и италијанската спортска марка покриваат само мал дел од автомобилскиот пазар, меѓутоа името на Porsche и Ferrari, како производители на иконски марки автомобили, беше доволно силно, за да ги раздвижат владите во своите земји и да издејствуваат ЕУ во минатата недела да ги смени плановите, само неколку денови пред гласањето што требаше да биде рутинско.

Конечното гласање за забрана на моторите со внатрешно согорување по 2035 година требаше да се случи на 7-ми март, но одложено е на неодредено време. Унијата стравува дека Германија може да го задржи својот глас, што би водело кон поништување на одредбата.

Европската Комисија во следните недели ќе одржи разговори со Германија и со Италија, што исто така се противи на забраната, на коишто ќе се зборува за начините на кои технологијата на е-горива ќе се опфати во предлозите на Комисијата.

Противењето на Германија и Италија за забраната, откако тие претходно се согласија со предложените закони, го потресе Брисел, и повторно го отвори прашањето за е-горивата, што наводно се неутрални во поглед на климата, но се покажа дека се премногу скапи за да се користат во широка маса возила.

Автомобилите се во културното јадро на Германија, како единствена држава во Европа, каде што не постојат брзински ограничувања на голем дел од автопатиштата, на прочуениот аутобан. Тоа ги буни активистите за заштита на животната средина.

Отпорот кон предложениот закон на ЕУ прикажува дека нацијата е неволна да се откаже од своите најважни симболи, како што е Porsche 911

Овие обиди да се забави законот на ЕУ во толку доцен стадиум, побудија критики во самата автомобилска индустрија. Производителите вложуваат милијарди евра во развојот и производството на електрични автомобили и повеќето од нив не сакаат нештата да се развиват во правец на скапата потенцијална замена за фосилните горива.

„Би рекол дека тоа е речиси патетично,“ изјави Томас Ингенлат, извршен директор на луксузната марка Polestar. „ Индустријата и политичарите конечно треба да го дадат тој многу јасен знак, за тоа во кој правец продолжува патувањето.“

Додека повеќето производители на автомобили вложуваат десетици милијарди евра во преоѓањето на електричен погон, Porsche воедно инвестираше и во фабрика за е-горива во Чиле. Германскиот производител не планира својот иконски 911 да го нуди во изведба со електричен погон.

Ferrari исто така објави дека бара алтернативни горива, за да продолжи да произведува автомобили со мотор со внатрешно согорување и на тој начин да го заштити своето историско наследство.

Германија произведуваше е-горива во Втората светска војна, за да ги снабдува потребите на својата армија, во време кога земјата не располагаше со резерви од нафтени горива

За да произведат е-горива, научниците го соединуваат јагледорниот диоксид со водород што е издвоен од водени молекули, во постапка во којашто се користи струја од обновливи извори. На тој начин се произведува вештачко хидрокарбонско гориво. При нивното согорување, тие создаваат јагледоден диоксид. Но, бидејќи горивото е произведено со СО2 што е собран од воздухот, важи дека горивото е неутрално кон климата.

Технологијата привлекува внимание најмногу во Германија, каде што процесот на Фишер-Тропш уште претставува основа на е-горивата, чијшто пронајдок потекнува од 1925 година. Оваа метода ѝ овозможи на германската армија, што беше оставена без резерви од нафтени горива за време на Втората светска војна, да произведува е-горива со користење на јагленот од рудниците.

Формула 1 ќе премине на користење синтетски горива во 2026 година. Тоа одвај дека ќе придонесе за намалување на емисијата на СО2, затоа што самиот спорт вклучува и авионски транспорт на автомобилите и тимовите од една до друга тркачка патека. Потегот сепак е значаен, затоа што на тој начин се докажува дека синтетските горива може да се користат за мотори со врвни перформанси.

„Електрификацијата на автомобилската индустрија е како побегнат воз“

Mercedes-Benz и BMW имаат тимови што развиваат нова генерација мотори со внатрешно согорување, што ќе бидат согласни на одредбите на Еуро 7, коишто ќе стапат во сила во 2025 година. Не се издвојуваат средства за развој на следната нова генерација мотори.

„Електрификацијата на автомобилската индустрија во овој момент е како еден вид побегнат воз“, цени Роберто Вавасори, директор во италијанскиот производител на сопирачки Brembo. „Може да стане уште полошо ако тоа се задржи или одложи, затоа што производителите на автомобили имаат вложено огромни суми.“

Во дел од индустријата постои загриженост, дека исклучокот за е-горивата, дури и кога тој ќе важи само за спортските автомобили, може да ја влијае врз автомобилската индустрија и да ја одведе од целта да се забранат мотори со внатрешно согорување во новите возила по 2035 година.

Претходна објаваПриродно е во Австралија да се вози најсилната и најспособна Toyota Hilux
Следна објаваMercedes-Benz со светска кампања за рамноправноста на жените

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here