Toyota Aygo X ја бидува и за мода

Toyota Aygo X Undercover е посебна серија на најмалечкиот модел на јапонската марка и името Undercover е мошне извесно дека нема да ги привлече тајните агенти да го изберат автомобилот, од едноставна причина што автомобилот е мошне впечатлив. Undercover се однесува на модната марка со тоа име и на нејзиниот главен дизајнер Џин Такахаши.

Од модна писта право на улица. Toyota Aygo X Undercover ќе се изработи во серија во ограничен број примероци. Посебниот модел првпат се појави на Модната Недела во Париз и привлекува внимание со дизајнот и внатре и надвор.

Aygo X Undercover е плод од соработката со дизајнерската марка „Undercover“ на Џун Такхаши. Изгледот се раководи според дизајнерскиот пристап на неконформизам и на уривањето на стереотипите. Посебноста е во комбинацијата од двете бои – сива за каросеријата и корално црвени акценти по каросеријата и црните тркала од 18 инчи. Седиштата се брендирани, исто и патосниците имаат мустра на монограм. На покривот се наоѓа мотото хаос-баланс на Такахаши.

Обележје на марката Undercover е играта со контрастите: Панк и висока мода, дигитално со аналогно. Контрасти се присутни и во соработката со Toyota. За светската промоција на моделот е осмислена единствена кампања, којашто меѓу другото предвидува и наоѓање на „Easter Eggs“. Ова е првпат модниот дизајнер да работи на автомобил.

Мошне е извесно дека Aygo X ќе доживее уште бројни серии како оваа, тоа е дел од концептот на моделот

„Сакавме Undercover уште посилно да го нагласи индивидуалниот карактер на Aygo X и со големо нетрпение чекавме да видиме како модниот јазик на Џун ќе се пренесе во процесот на развој на автомобил,“ кажува Тадао Мори, главен стилски дизајнер во Toyota Europe.

Претходна објаваPeugeot 3008 уште пред десет години возеше со хибрид и погон на сите тркала
Следна објаваДенес е дел од Audi: Марката NSU слави 150 години (Втор дел)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here