Peugeot 3008 уште пред десет години возеше со хибрид и погон на сите тркала

Електричниот погон во Peugeot и предноста што марката ја постигнува со овој погон како „генералистичка марка“, во жаргонот на шефицата Линда Џексон, секако дека не е случајност. Тоа е долга стратегија што има корени уште пред втората светска војна, но овојпат му се посветуваме на само едно скорешно поглавје. На тогашниот кросовер, а сега СУВ-модел, Peugeot 3008, со хибриден погон, па и со погон на сите тркала.

Peugeot 3008 беше вистинскиот „дабл оу“ на француската марка. Заедно со 1007, двата модели направија револуција со самото тоа што Peugeot отстапи од фантастичното правило на означување на своите модели со нула во средина на трицифрената ознака. Моделите со двете нули беа различни и во поглед на конкуренцијата. Идејата беше со овие модели да се укаже на иновативноста и на храброста на Peugeot, да изведе концепти за какви што ретко која друга марка ќе се осмелеше.

Кросоверот понуди исклучително просторна кабина, големи прозорци, речиси целосно стаклен покрив – марката отсекогаш внимавала во своите возила да понуди придодна, „лавовска“ средина, меѓу другото и со многу светлина – а сосем беше различен и основниот концепт на кокпитот, со средишна конзола различна од тогаш стандардниот „аудио-систем“ во целата бранша.

Меѓу бројните посебности, оваа е уште толку посебна: Peugeot во својот иновативен 3008 прв му понуди на светот хибриден погон со дизел мотор. Под хаубата работи напреден 2,0-литарец од генерацијата DW10 со 163 КС и 300 Nm, а назад има електромотор со моќност од 27 kW (37 КС) и 200 Nm. Сé заедно, дава системски 200 КС. Дизелот ги движи само предните тркала, електромоторот само задните, и се вклучува кога електрониката ќе утвди потреба за тоа. Целата комбинација ја заокружува 6-степен автоматски менувач со претворач на вртежен момент.

Просечната вредност на потрошувачката според тогашните норми, со штедлива возачка или возач, изнесува 3,4 литри дизел. Емисијата на СО2 и денес е шампионска: 88 g/km.

Имиџот на дизелот во тоа време уште беше беспрекорен, исто како и името на Peugeot како мајстор за дизели.

Сензација беше и тоа што во возење можеше да се избира меѓу четири начини на работа на погонот – еден повеќе од пионерот и до денес владетел на хибридниот погон, Toyota.

Во автоматскиот режим, електрониката го контролира погонот, со цел да се постигне најниска можна потрошувачка на гориво. Тогаш уште се размислуваше дали е подобро овој режим да се нарече „еко“ или подобро „ауто“.

Втор е режимот ZEV, главната драма во целиот автомобил. Во тој случај, 3008 вози чисто на струја. Батеријата уште е метал-никел-хидрид, работи со 200 волти и располага со капацитет за околу 5 километри возење. Највисоката брзина во електричен режим: 50 километри на час. Денес Peugeot e-208 вози 150 километри на час, и постигнува над 400 километри досег.

Третиот режим не е ништо помалку спектакуларен, тоа е 4WD. Тогаш се активира и електромоторот назад, поважен со своите њутнметри, отколку со коњските сили. Електромоторот може по потреба да учествува со најмногу 40% во вкупниот вртежен момент што во моментот се испорачува до тркалата.

Секако дека на марката, чијашто „9-ка“ во тоа време вози и победува немилосрдно на Леман, не смее да ѝ недостига спортски режим. Во овој начин на работа, електромоторот и дизелот соработуваат за да обезбедат максимална моќ и динамика во возење.

Peugeot продаде повеќе од 30.000 примероци од својот 3008 HYbrid . Технологијата оттогаш напредуваше во секој поглед. Нов вид на погон што Peugeot од годинава почнува да го вградува во своите модели е благ хибрид. Тој им се придружува на приклучните хибриди и на целосно електричните модели. Што се однесува до 3008, нему годинава му претстои премиера во третата генерација. Хибридот е веќе стандард, новината е верзијатаа со целосно електричен погон.

Основни технички податоци · Peugeot 3008 HYbrid (2011)

Мотор: Дизел, 1997 ccm, 163 КС, 300 Nm

Електромотор: Назад, 27 kW (37 КС), 200 Nm

Димензии: 4365 х 1837 х 1639 mm

Багажник: 377 L / 1186 L

Празно возило : 1808 kg

Носивост: 437 kg

0-100 km/h: 8,5 s

Крајна брзина: 191 km/h (50 km/h во електричен режим)

Потрошувачка просек, NEDC: 3,8 L/100 km

Досег на струја: 5 km

Резервоар за гориво: 56,5 L

Претходна објаваAudi може да искористи 85 проценти од челикот од старите автомобили
Следна објаваToyota Aygo X ја бидува и за мода

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here