Близу 9,6 милијарди долари вреди извозот на автомобилите од фабриката на BMW во Јужна Каролина. Американската фабрика лани произвела 416.301 возила BMW од моделските серии X.
Според податоците од американското министерство за трговија, фабриката на групацијата BMW во Спартанбург деветта година во низа е водечка во извозот на автомобили од САД, според вредноста на истиот. Од фабриката лани биле извезени 227.029 модели на BMW од моделските семејства X, во вкупна извозна вредност од близу 9,6 милијарди долари,
Четири петини од возилата ги напуштиле САД од пристаништето во Чарлстоун, Јужна Каролина. Преостанатата петина е извезена преку пет други пристаништа на југоистокот на САД ил преку железница.
Најголем извозен пазар е Германија, со 15,5 проценти од волуменот, потоа е Кина (13,5%), Јужна Кореја (12,8%), Канада (7,5%) и Велика Британија (5,6%).
„Слободната трговија и отворените пазари овозможуваат раст и добросостојба. BMW и Јужна Каролина се добар пример за тоа“, изјави Милан Недељковиќ, директор за производство во BMW AG.
View this post on Instagram
Спартанбург лани произведе 416.301 возила од семејствата X, што е втор најголем производствен волумен во историјата на фабриката. Во 2022 година, од лентите се симнаа 69.200 возила со приклучен хибриден погон, што претставува 16,6 проценти од вкупната продукција. X-моделите учествувале со 60% во вкупната продажба на возила на BMW во САД. Од април, во фабриката ќе се произведуваат и освежените моделски годишта на BMW X5 и BMW X6.
















