Во 13-то издание на Автомобил на годината во избор на дамите, најмногу гласови од светските автомобилистки освои луксузниот кросовер Citroen C5 X.
Светското одликување за најпрестижниот модел на Citroen се заснова врз гласовите, што C5 X ги доби од дамите за пријатното чувство при возење, за просторната внатрешност, за единствениот концепт на каросеријата што соединува повеќе различни видови возила, и секако, за изгледот.
Откако почна продажбата во Европа во 2022 година, C5 X го привлекува вниманието на сцената како еден од најоригнално омислените крстосувачи од средната класа. Вклучувајќи го пазарот во Кина, досега се испорачани повеќе од 45.000 примероци од наследникот на моделската серија C5, што истапува и кон местото што некогаш му припаѓаше на C6, односно на лозата DS-CX-XM.
Комфорниот крстосувач е носечки модел во електрификацијата на понудата на Citroen. Два од секои три продадени примероци се во изведбата со приклучен хибриден погон. Французите очекуваат дека овој удел ќе продолжи да се зголемува, откако во следните неколку недели ќе почне да се продава и подостапната изведба, со 180 КС, покрај топ-моделот со 225 КС.
Организацијата на Автомобил на годината во избор на дамите почна да се одржува во 2009 година, кога Сенди Мајри го основаше жирито, со цел на дамите ширум светот да им овозможи да ги дадат своите оцени за новите модели автомобили што пристигаат на сцената.
Дамите честопати имаат клучна улога при изборот на автомобилот во семејството, и за изборот не решава секогаш бојата
Денешното жири се состои од 63 автомобилски експертки од 45 држави на пет континенти. Изборот се одржува во шест категории (голем автомобил, автомобил со високи перформанси, градски автомобил, голем СУВ, 4X4 и семеен СУВ).
Гласови се доделуваат за безбедноста, возните својства, комфорот, технологијата, дизајнот, штедливоста, влијанието врз животната средина и противвредноста.

Изборот не е завршен, со прогласувањето на победниците во категориите. Citroën C5 X останува во трка против победниците во останатите пет категории, за изборот на највисоката награда за Автомобил на годината во сите категории во избор на дамите. Победникот ќе биде прогласен на 8-ми март, Светскиот ден на Жената.
















