за

Кога Mercedes G-Class ќе се соедини со пуфер јакна

Mercedes-Benz со цел е присутна во светот на модата, со најнеобични креации, каков што е проектот Mondo G, сработен заедно со Moncler.

Најновиот проект на Mercedes-Benz во модата е Mondo G и претставува уметничко дело од единствен вид, што ги соединува иконската G-Class, со препознатливите дизајнерски обележја на Moncler.

Mercedes-Benz ќе остави силен печат денес на модната недела во Лондон, на настанот под името „The Art of Genius“, што го организира Moncler. Германскиот производител на автомобили подготви скулптура, во рамките на шоуто „The Art of Imagination”, којашто ќе биде поставена во имагинарна снежна средина.

На важниот настан од светот на модата, Mercedes-Benz како гостин на Moncler, настапува покрај марки и светски ѕвезди, од рангот на Алиша Кис, Фарел Вилијамс или на Adidas Originals, FRGMT, Salehe Bembury, Palm Angels и ROC NATION на Jay-Z. Соработката е осмислена како модна платформа во којашто се соединуваат уметноста, технологијата, спортот, музиката и дизајнот.

Посебноста на проектот Mondo G е во силниот контраст што го создаваат острите линии и рамните површини на G-Class, со меките и заоблени површини на штепувана зимска јакна со пердуви. Назад во светот на автомобилите: Скулптурата е долга 4,6 метри, висока 2,8 метри, широка 3,4 метри – заедно со издадените тркала, а тежи 2,5 тони.

Посетителите на шоуто ќе можат одблизу да ги забележат и трагите од користење што намерно се создадени во скулптурата. Секако дека тоа што се забележува уште оддалеку е џиновскиот патент. Идејата е на тој начин да се укаже на многустраноста и варијабилноста на двата различни производи, на возилото и на јакната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mercedes-Benz (@mercedesbenz)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Sandero е најпродаван модел во Европа во јануари

Од големите автомобили, на дамите најмногу им се допаѓа Citroen C5 X