Освежениот Volkswagen Touareg на Поларниот Круг се подготвува за пазарен старт

Новите матрични светла IQ.LIGHT HD прават ноќното возење да биде попријатно. Touareg е прв европски модел што ќе се продава со осветлено лого назад. Промени во новото моделско годиште има и во подвозјето и во кокпитот.

По еден милион продадени примероци од Volkswagen Touareg, германскиот производител подготви сеопфатно техничко и стилско освежување. Има нов дизајн на носот и на опашот, подвозјето исто така е усовршено и псотавен е нагласок на балансот меѓу комфор и возна динамика.

Претсериските и маскирани примероци во моментов се тестираат во исклучителни климатски услови во Лапонија, Шведска. Маскирањето е изведено како џиновски QR-код, по чиешто скенирање со телефон се продолжува кон вебсајтот со дополнителни информации за возилото.

Конечниот изглед уште не е откриен, но затоа е позната техниката. Новина се матричните светла IQ.LIGHT HD, како и елементите од новата светлечка лента со светлечки диоди.

Матричните светла IQ.LIGHT HD се состојат од 38.400 микро светлечки диоди

Ознаката HD се однесува на High Definition, односно висока резолуција. Огромната осветлена површина пред возилото е дело на 38.000 микро ЛЕД во двете светла. Осветлувањето е зналително посилно, без притоа да се заслепуваат возилата отспротива.

Матричниот систем произведува еден вид интерактивен светлечки тепих во лентата пред Touareg. Овој своевиден „Lane Light“ прави возењето ноќе да биде помалку заморно.

Главните новини кај освежениот Volkswagen Touareg

Осветлено лого VW назад. Touareg е првиот модел на Volkswagen со осветлено лого назад. Законите во Европа досега не дозволуваа светлечко лого, но од почетокот на годинава тоа се смени. Само САД и Кина досега нудеа можност за осветлено лого.

Нова генерација на подвозјето

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Volkswagen (@volkswagen)

Луксузниот СУВ-модел со погон на сите тркала има усовршено подвозје. Новина е сензорот за оптоварување на покривот. Кога нема товар горе, подвозјето дозволува повисока возна динамика. Во спротивно, електрониката се грижи за стабилноста да не се наруши кога има товар врз покривот.

Одново се дотерани стандардното подвозје со челични пружини и опционалното пневматско двокоморно подвозје. Целта беше да се понуди подобар баланс меѓу комфорот и динамичните возни својства.

Освежена внатрешност

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Volkswagen (@volkswagen)

Touareg располага со „Innovision Cockpit“. Ракувањето е преку средишниот дисплеј на допир, со пречник од 38,1 сантиметри, односно 15 инчи. Кокпитот нуди прецизна навигација и HD-карти со висока резолуција. Има новини и во говорното командување. Поврзувањето со телефон е без кабел.

Вообичаено се извршени зафати со цел да се постигне уште поубедлив впечаток за квалитет. Тоа се забележува најмногу во меко обложените потпирачи за рака и на облогите на средишната конзола.

Претходна објаваRenault со рекордни нарачки, добивката расте
Следна објаваШефот на Volvo им порачува на конкурентите дека се пребавни во електрификацијата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here