Alfa Romeo Giulia QV најдобра за возбуда според What Car

Втора година во низа, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio е највозбудлива возачка машина во изборот на автомобил на годината на високотиражниот британски магазин What Car. И времето е погодено, Quadrifoglio годинава одбележува еден век постоење.

Alfa Romeo Giulia го постигна за марката тоа за што беше наменета, а веројатно и повеќе. Нејзината мисија беше да ја потсети сцената дека во 1960-те и 1970-те години, Alfa Romeo уште беше спортската марка со којашто останатите се мереа, дали се доволно добри.

Годинава е важна за Quadrifoglio, историската значка, што првпат се појави пред сто години, значи во 1923 година, на 14-то издание на Тарга Флорио. Специјална верзија „Corsa“ од новиот модел RL беше подготвена посебно за настанот. Во тоа време се експериментираше многу, но и се внимаваше на секој детал во техниката.

Но, колку што беше важно инженерите да си ја завршат работата добро, важно беше и да се повика малку среќата на своја страна. Затоа на хаубата на RL беше нацртана детелина со четири листови. Секако дека автомобилот победи на трката, а марката Alfa Romeo се катапултираше во самиот врв меѓу производителите на автомобили. Оттогаш, Quadrifoglio е дел од секој тркачки настап на Alfa Romeo.

(Фото: What Car?)

Стив Хантингфорд, ценетиот уредник на What Car?, ја величи Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio: „Додека некои автомобили со високи перформанси се обидуваат да го премостат расчекорот меѓу перформансите, трошоците и практичноста, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio бесрамно посегнува по едно нешто, повеќе од било што: Насмевки по милја. Голем дел од нејзината привлечност лежи во бурнито 2,9-литарски V6, којшто обезбедува јасна звучна придружба, посебно во режим за трка. Уште повеќе се издвојува управливоста на Quadrifoglio, со одушевувачка агилност и со прекрасен природен баланс, што ти дава доверба да ги истражиш нејзините граници.”

Претходна објаваДХЛ останува партнер на Формула Е и во ерата на Gen3-болидите
Следна објаваХибридниот Citroen C5 Aircross сега и во основна верзија со 180 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here