Polestar го изгради првиот авто-салон од снег

Производителот на електрични автомобили Polestar, на десетина километри од самиот Поларен Круг го отвори првиот авто-салон од снег во светот. Објектот е висок дванаесет метри, со ѕидови дебели два метри, и со температура во внатрешноста од пет степени под нулата.

Прави како што прават мештаните. Оваа стара мудрост ја почитуваат сите светски патници. Човек треба да се однесува исто како мештаните, но е важно и да се биде подготвен за прифаќање непознати обичаи и важмо е човек да умее да се приспособи кон средината.

Во филмовите често се користи изреката, „when in Rome, do as the Romans do”, односно кога си во Рим, прави како што прават Римјаните. Тоа важи за италијанската престолнина, исто како што важи за северот на Финска. Точно таму зимово се упати тимот на шведската марка Polestar. Таа е произлезена од Volvo и исто така е дел од големиот концерн Geely, како марка што е специјализирана за електрични возила.

Polestar појде во мисија да организира тест-возења во светски прочуениот Рованиеми

На само десетина километри од Арктичкиот Круг, Рованиеми обично се поврзува со две познати личности. Едната личност е влијателниот архитект и дизајнер Алвар Алто, а втората личност е веројатно најпознатиот и најпрепознатлив лик во светот, Дедо Мраз.

Како марка што применува авангарден дизајн, Polestar со своето дело во Рованиеми му оддаде чест на финскиот архитект, градејќи привремен објект со почитување на локалните обичаи. Polestar при дизајнирањето на своите возила се раководи според принципот на минимализам. Привремениот авто салон на шведската марка во Рованиеми е изработен во истиот стил со многубројните градби на Алвар Алто во центарот на градот (линк). За изградбата на салонот послужи материјалот што постои во изобилство во главниот град на Лапонија. Снег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polestar (@polestarcars)

Снегот е чист, одржлив, повторлив и неговата боја е достапна во палетата што Polestar ја користи за своите автомобили. Доплатата за боја „snow“ чини 1.200 евра. Затоа снегот беше совршен материјал да се изработи привремениот авто салон.

Објектот служи како дополнителен простор додека се организираат тест возења на електричните автомобили во блискиот комплекс патеки. Тоа е посебно доживување, кога се има предвид дека новиот Polestar 2 располага со моќност од 476 КС.

Како материјал за украсните предмети во салонот се користи – нормално, мраз. Од егзотичниот материјал се изработени тркала, па дури има и коленесто вратило од мраз. Тој е донесен од замрзнатото езеро во близина, со електрични камиони.

Салонот ќе биде во служба седум недели, а потоа ќе се „рециклира“, односно ќе стане подлога за скијачка патека. Единственото што салонот од снег не го нуди како останатите салони, тоа е жешко кафе. Сепак треба да се биде внимателен, за салонот да не се стопи.

Претходна објаваСамо сто примероци: Mercedes AMG SL со изглед на Ф1
Следна објаваKia лани првпат продаде повеќе од 100.000 возила во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here