за

Kia лани првпат продаде повеќе од 100.000 возила во Британија

Рекордна продажба и рекорден удел на Kia на британскиот пазар лани, со освојување 6,2 проценти од пазарот.

Британскиот огранок на Kia лани првпат надмина 100.000 продадени примероци, во 32-годишното присуство на пазарот. Корејската марка е шеста најпродавана марка во Велика Британија, што е највисока позиција досега.

Од основањето на компанијата во јули 1991 година, на „островот“ се продадени близу 1,4 милион автомобили.

Рекордната година почна да се наѕира уште со постигнатите 31.119 продажби во првото тромесечје. Kia во периодот од јануари до март продаде повеќе возила од која било друга марка во Британија. Тој успех се темелеше главно врз почетокот на продажбата на новата генерација на Kia Sportage. Солидни бројки постигна и градскиот модел Picanto, со месеци најпродаван модел во класата.

Во следните квартали, Kia постојано беше во Топ 5. Во јули стартуваше новиот Niro, во целосно електрична изведба, како и во хибридна и приклучна хибридна варијанта.

До септември, Kia беше 4-та најпродавана марка во 2022 година, зголемувајќи го пазарниот удел на 6,8 проценти. Sportage и Niro заедно постигнаа преку 44.000 продажби. Уште на завршетокот на септември, кога продажбата достигна 83.105 возила, се покажаа изгледи дека првпат ќе се надмине годишна продажба од 100.000 примероци. На крајот излегоа 100.191 возило и пазарен удел од 6,2 проценти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kia UK (@kiauk)

Последниот нов модел што дополнително го забрза продажниот залет беше кросоверот Kia XCeed, достапен и во изведба со приклучен хибриден погон.

Корејската марка го потврди своето водечко место во електрификацијата. Сите модели на Kia со хибриден, приклучен хибриден и целосно електричен погон, во 2022 година достигнаа 42.988 примероци. Тоа претставува 43 проценти од вкупната продажба.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Polestar го изгради првиот авто-салон од снег

Следниот Audi Q3 ќе вози на струја