Хакерите барале 50 милиони долари за украдените податоци од Continental

Германскиот економски дневник „Ханделсблат“ извести дека хакерите објавиле на даркнет список со податоци, вклучувајќи информации за буџетот, за инвестициските и стратешките планови, како и информации за извесни клиенти на Continental.

Според „Ханделсблат“, хакерите ги понудиле податоците за продажба во вредност од 50 милиони долари, откако од Continental „наводно не сакале да платат откуп“.

Во минатата седмица, од Continental објавија дека во хакерскиот напад што беше пријавен во август, дошло до кражба на податоци од компанијата. Добавувачот за автомобилската индустрија со највисок приоритет ја спроведува истрагата за случајот.

Continental, со седиште во Хановер, Германија, претставува 8-ми најголем добавувач во светски рамки, според листата на индустрискиот гласник Аутомотив Њуз. Во минатата година, на фабриките за автомобили им биле продадени делови во вкупна вредност од 22,4 милијарди долари.

 

Претходна објаваVolkswagen произведе половина милион електрични ID-модели
Следна објаваПеттата Toyota Prius станува спортска лимузина со хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here