Пристигна првиот електричен Mustang Mach-E во Македонија

На официјалната презентација пред македонската јавност, присутните се запознаа со овој легендарен модел кој претставува историски доказ за развојот на автомобилизмот и преминот во ерата на електрични автомобили.

Mustang Mach-E се дефинира како комплетно електричен компакт – кросовер – SUV кој носи батерија од 98.8 kWh и овозможува возење дури до 540 км со едно нејзино полнење. Полнењето може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи до 150kW, беше потенцирано на презентацијата.

Името, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот Mustang модел кој се нарекувал Mach-1. Симболично сега беше презентиран првиот електричен Mach-E.

„Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно електрични модели. Како официјален импортер и сервисер, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија“, рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.

Присутните во автомобилскиот центар на бул. „Босна и Херцеговина“ бр.1 се уверија во големиот број Ford достапни модели, за кој од компанијата истакнуваат дека во следниот период ќе може да се купат по промотивни цени.

(Информација за медиуми, Ми-Да Гранд Моторс)

 

Претходна објаваVolvo продаде преку 50.000 возила во октомври
Следна објаваMitsubishi можен акционер во новиот огранок за електрични возила на Renault

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here