Високата побарувачка за моделите на Volvo од потсемејството Recharge, во коешто влегуваат возила со чисто електричен и приклучен хибриден погон, резултираше со солиден раст во испораките на нови возила на шведската марка во минатиот месец.
Моделските изведби од семејството Recharge учествувале со 36,8 проценти во продажбата на Volvo во октомври. На чисто електрични модели отпаѓаат 15 проценти од сите продадени возила со знакот на Volvo, што значи дека во едно од секои седум нови автомобили од марката, не работи друго освен електромотор.
Во десетте месеци, Volvo Cars постигна продажба од 483.304 возила, што е за 16,9 проценти под ланската продажба во истиот период. Причината за тоа секако дека не е намалената побарувачка, туку е кусокот од микрочипови за целата автомобилска бранша.
Во Европа во октомври биле испорачани 22.030 возила, за 0,4 процент под истиот месец лани. Континентот убедливо се движи во насока на електромобилноста, барем според тоа што се однесува на Volvo. Од сите продадени возила, со прилучен хибриден погон или чисто електричен погон биле 64,9% од возилата.
САД имаат 9.478 нови автомобили Volvo, што претставува раст од 8,9 проценти во споредба со лани. Моделите Recharge таму учествуваат со 26,7 проценти во продажбата.
Кина има огромен раст, со дури 36,7 проценти зголемена продажба во октомври и вкупно 15.048 испорачани возила. Изненадува тоа што кинеските возачи повеќе се решаваат за моделите со класичен погон, затоа што Recharge-моделите таму учествуват со само 6,1 процент во продажбата.
View this post on Instagram
Најпродавана моделска серија на Volvo Cars во октомври е XC60 со вкупно 17.531 возила (2021: 15.399 возила), следи XC40 со 14.883 возила (2021: 13.987), а трет најпродаван модел е луксузниот XC90, од којшто се испорачани 7.651 примероци до октромври (2021: 8.639 примероци).
| ОКТОМВРИ | ЈАН-ОКТ ’22 | |||
| МОДЕЛ | 2022 | % ТРЕНД | 2022 | % ТРЕНД |
| C40 | 3,106 | 100 % | 14,371 | 100 % |
| S60 II | – | – | 1 | 0 % |
| S60 III | 3,451 | -19 % | 32,470 | -20 % |
| S90 | 3,729 | 27 % | 33,016 | -16 % |
| V40 | – | – | 3 | -86 % |
| V40 CC | – | – | – | – |
| V60 | – | – | – | – |
| V60 CC II | 581 | -34 % | 6,444 | -47 % |
| V60 II | 2,314 | -28 % | 18,260 | -47 % |
| V90 | 544 | -17 % | 6,423 | -23 % |
| V90 CC | 528 | -36 % | 5,705 | -36 % |
| XC40 | 14,883 | 6 % | 128,434 | -25 % |
| XC60 | -1 | – | -1 | -200 % |
| XC60 II | 17,531 | 14 % | 158,792 | -11 % |
| XC90 II | 7,651 | -11 % | 79,386 | -11 % |
| Вкупно | 54,317 | 7 % | 483,304 | -17 % |
















