Џентлмените в недела поаѓаат на нова тура со олдтајмери

Уште еден господски настан во организација на Gentleman’s Crew претстои како завршница на викендот. На 25-ти септември, врвно одржувани класични автомобили ќе појдат од централното подрачје на Скопје, на пригодно патување во чест на ентузијазмот за автомобили и почитувањето стил во животот.

Организаторите на џентлменските возења мотоцикли и автомобили, клубот Gentleman’s Crew, со членови од цела Македонија, за в недела, 25-ти септември, го најавуваат 2-то издание на “The Distinguished Gentleman’s Drive“. Станува збор за хуманитарен настан од светски рамки, којшто предвидува почитување високи стандарди во организирањето и изведувањето на истиот. Од минатата година, „Драјвот“ во Скопје и официјално се води како дел од светското движење, што секако говори за сериозноста, со којашто клубот Gentleman’s Crew и нивниот претседател Игор Стефановски, пристапуваат во организирањето на двата настани – прво Distinguished Gentleman’s Ride, со класични мотоцикли (првпат во септември 2018), а потоа и Distinguished Gentleman’s Drive, со класични автомобили.

Во соопштението до медиумите, претседателот Игор Стефановски посочува, „да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење е секако чест, но и обврска. Минатата година, Скопје и официјално стана дел од ова движење, коешто ги обединува пасионираните заљубеници на класичните автомобили и модата, во борбата против машките болести.“ Во минатата година, настанот во светски рамки собра повеќе од 200.000 долари, коишто ќе бидат донирани во борба против рак на простата.

Настанот се одржува во 143 градови ширум светот, во 54 држави, Скопје и Македонија од минатата година се водат во глобалната карта на градови и држави во коишто се одржуваат DGDнастаните

Од клубот Gentleman’s Crew ветуваат дека блескавилото на прекрасните авотмобили и шармот на дотераните џентлмени и оваа година ќе бидат задолжителен фолклор на овој несекојдневен настан, со цел да се оддржат добропознатите тематски постулати на овој настан – ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата.

„И овојпат остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот. Вообичаената практика – настанот да се оддржи на истиот ден во целиот свет, овојпат за свој датум го има 25-ти септември, а точно на пладне, централното градско подрачје ке биде стартната точка за овогодинешниот собир“, најавува Стефановски. По утринското кафе, учесниците ќе се упатат кон археолошкиот локалитет Стоби, каде што е организиран разглед на локалитетот, а потоа карванот продолжува кон винаријата Стоби, која што е домаќин на самиот собир.

Видео од минатогодишниот The Distinguished Gentleman’s Drive во Скопје

https://photos.app.goo.gl/AzF21vRCVMxeBBMN9

https://photos.app.goo.gl/Uo2Bs9qiCEJWr5Wm8

https://photos.app.goo.gl/S6LA5Nf8GRMTbffZ9

https://photos.app.goo.gl/4edLWsR25PHvNrjF7

https://photos.app.goo.gl/Xyw5rbnCxY8Lx8MR6

 

Македонија учесник на светскиот настан

https://www.gentlemansdrive.com/drives/macedonia

Вебсајтот на македонскитe Gentleman’s Crew

DG Front Page

 

Претходна објаваЕлектро-шампионот Fiat Nuova 500 ќе се продаваше уште подобро – да имаше чипови
Следна објаваРекорден собир на Mazda MX-5 во Италија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here