Suzuki Vitara и S-Cross со целосно хибриден погон со 115 КС

Најновиот модел на Suzuki, семејниот СУВ со докажаното име S-Cross, од почетокот на продажбата се нуди со 48-волтен благ хибриден погон, којшто е подостапен од класичниот хибрид, но пак е делотворен во заштедата на гориво. Новата погонска варијанта е уште поделотворна. Suzuki S-Cross наскоро стартува со 1,5-литарец и електромотор што може и самостојно да го движи возилото.

Новината во понудата на Suzuki е изведбата на S-Cross со 1,5-литарски Dualjet Hybrid. Погонот е развиен во Suzuki и од март годинава стартуваше со вградување прво во евергринот Vitara, за наскоро хибридот да почне да работи и во S-Cross. Во гамата на моделот и натаму останува 1.4-литарскиот турбо BoosterJet со 48-волтен благ хибриден погон, што се нуди само со 6-степен менувач, по избор со погон напред или со погон на сите тркала AllGrip Select.

Целосно хибридниот погон во S-Cross се состои од 1,5-литарски DualJet со 102 КС, без турбонатполнење, и електромотор со 33 КС. Системската моќност изнесува 115 КС, тоа е максималната моќност што при истовремена работа можат да ја постигнат моторот и електромоторот. Менувачот е шестстепен AGS, автоматизиран – тоа значи дека станува збор за класичен мануелен менувач, кај којшто менувањето на степените се врши автоматски.

Разликата во споредба со изведбата со 48-волтен благ хибриден погон е во тоа што електромоторот тука може самостојно да го движи возилото во одредени ситуации. Кога батеријата е доволно полна, S-Cross 1.5 Hybrid стартува чисто на струја, а при возење по рамен пат со умерена брзина и без забрзување, електромоторот исто така може да се активира повремено, при изгаснат мотор, и да испорачува одредена доза енергија, со цел да ја одржува брзината постојана. При возење наназад, S-Cross исто така го користи електромоторот. Во сите останати ситуации, моторот и електромоторот работат заеднички, заради намалување на потрошувачката, без жртвување на брзината.

[the_ad id=”69797″]

Потрошувачката според WLTP изнесува 5,2 l/100 km, што е за 9 проценти помалку во споредба со S-CROSS 1.4 BOOSTERJET HYBRID со автоматски менувач, на чиешто место доаѓа новата погонска варијанта. Во град, потрошувачката е уште пониска и изнесува 4,7 l/100 km, односно за дури 33% помалку во споредба со моделот со благ хибриден погон.

На располагање стојат два режим ина работа, стандарден, во којшто има приоритет динамиката на возење, но пак со вклучување на електромоторот, и економичен, во којшто повеќе се става нагласок на максималната заштеда

Во варијантата со погон на сите тркала, може да се избираат четири режими: Auto, Sport, Snow и Lock. Електронски контролираниот систем 4х4 го приспособува вртежниот момент што се испорачува до задната оска, според податоците што ги добива од ESP, од моќноста на моторот, од управувањето и останатите системи, зависно од избраниот режим.

https://photos.app.goo.gl/5VoNjp15v6GJDALH8

Вообичаено за Suzuki, хибридниот S-Cross, исто како и сите остантати изведби, располага со мноштво системи за асистенција. Тоа подразбира систем од камери и ласери што предупредуваат при опасност од судир и при пешак на пат, со самостојно запирање, доколку возачот не реагира. Приспособлив темпомат исто така е дел од арсеналот системи за асистенција. Во уште понапредната варијанта, S-Cross со овој темпомат поаѓа автоматски, кога ќе запре колоната напед, и исто така запира автоматски, кога колоната повторно ќе престане да се движи.

Испораките се очекува да стартуваат наесен, за цените и за пристигањето на новиот модел кај македонскиот увозник ќе информираме навреме.

https://photos.app.goo.gl/FWVfTEzVhKSYYcQQ7

Врска до страницата за моделот на увозникот Миркат

S-CROSS

Шефот на Suzuki доби Орден на заслуги од унгарскиот премиер Орбан

Претходна објаваВака изгледа превозот до работа во иднината
Следна објаваЕлектричен траект во Данска постави светски рекорд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here