за

Електричен траект во Данска постави светски рекорд

Данскиот траект „Елен“ користи целосно електричен погон и постави светски рекорд, со 50 морски милји со една батерија.

Педесет милји или 92 килoметри е новиот свестки рекорд за најдолго растојание што го поминал траект со целосно електричен погон.

Траектот „Елен“ редовно сообраќа меѓу двата острови Аеро и Алс на југот на Данска. Двете пристаништа се оддалечени 40 километри или 22 морски милји. Обично се врши дополнување на батеријата на секое пристигање.

Рекордот беше поставен на рута од Аеро во градот Сондербoрг, до Фленсборг Фјорд, којшто е најзападна точна на Балтикот. Траектот со должина од 60 метри може да превезува до 200 патници и 31 патнички автомобил, или четири камиони со полуприколка и четири патнички автомобили. Моќноста на електричниот погон изнесува 1.500 kW, односно 2.040 КС.

ЕУ учествуваше со 21,3 милиони евра во развојот и градењето на „Елен“. Бродот е за 40% поскап во споредба со бродови со обичен погон, но оперативните трошоци се пониски за 75 проценти.

Шведски електричен глисер лета над вода

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Vitara и S-Cross со целосно хибриден погон со 115 КС

Најбрзиот багажник од кубик и пол во светот: BMW M3 Touring