Opel Corsa е млада 40 години и сака да го прослави тоа

Верно на духот на автомобилот, специјалниот славнички модел е црвен, во комбинација со црни каросериски додатоци. Посебноста е во дезенот на седиштата, којшто потсеќа на првата генерација на Corsa. Секој од 1.982-та примероци ќе го прикажува својот број во серијата во кабината.

За четириесет години и шест генерации, Opel Corsa се продаде во повеќе од 14 милиони примероци. Секако дека тоа заслужува да се прослави. Првиот модел, означен како Corsa A, верно на номеклатурата на германската марка, се појави во 1982 година. Моделот денес ужива поголема популарност од кога било досега. Сцената едноставно обожува кога Opel е во форма. Посебен белег на моделот му дава електричната изведба Corsa-e.

Секако дека е посебна бојата на каросеријата на специјалната серија од 1982 примероци. Фановите ќе го обожуваат името: Rekord Rot, рекордерски црвена, но и црвена како Rekord, еден од најпознатите историски модели на Opel. Оваа боја, патем, се користеше и кај Corsa A. За впечатлив контраст се грижи црниот покрив и бројните додатоци во црна боја. Тоа важи за куќиштата на ретровизорите, за рачката за задниот поклопец, но и за молњата на Opel и за натписот на моделското име одзади. Тркалата од 17 инчи се лакирани во црна боја со висок сјај, средишниот дел е во мат сива боја. Тоа го заокружува спортскиот настап на моделот.

https://photos.app.goo.gl/Bb2gCnXYkL1t54616

Внатрешноста на Corsa 40 Years е носталгична, исто колку што е најмодерна. Каро-мустрата на седиштата ќе ги потсети фановите на Corsa A. Маркетинг-генијалците во Риселсхајм направија уште поголема сензација со карото на седиштата, и понудија чорапи со истата мустра, што може да се набави преку онлајн-продавницата на Opel. Во пакет со автомобилот доаѓаат два пара чорапи, едните со оригиналниот, другите со модерен дезен.

https://photos.app.goo.gl/E7z5qAVy9e6zhJXK6

На таблата, пред совозачот, се наоѓа плочка со натпис на бројот на возилото во серијата, од 0001 до 1982. Како што е ред за специјален модел, опремата е комплетирана со радио што подржува поврзување преку Apple CarPlay и Android Auto, со диодни светла и со самостојно запирање при опасност од судир, со препознавање пешак на пат.

https://photos.app.goo.gl/md3nLi7G1UhLEQqp6

Opel во 2022 одбележува 160 години постоење. Германскиот пазар исто така одбележува. Opel Corsa годинава е најпродаван модел во класата во Германија, а исто и Opel Corsa-e води како најпродаван електричен автомобил воопшто.

[the_ad id=”69797″]

https://photos.app.goo.gl/wPAfQzsyDXozR8As9

https://photos.app.goo.gl/qLvZujcrXHR9uZzY8

https://photos.app.goo.gl/HDeBQL4JiP8ff1C76

Со Opel Grandland до Луке: Патување најдалеку на север

Претходна објаваИдните модели на Volvo доаѓаат со вграден „Unreal“
Следна објаваВо само 5 примероци: Pagani Huayra со долг опаш

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here