Фината марка хиперавтомобили од Сан Чезарио Сул Панаро најавува прво појавување во јавноста на Pagani Huayra Codalunga, серија од 5 примероци, на Фестивалот на брзината во Гудвуд. Codalunga или долгоопашестата Huayra ќе вози на легендарната ридска трка.
Од 23-ти до 26-ти јуни, Гудвуд е автомобилски центар на светот. Еден од напојзнатите настани во чест на мотоспортот и на автомобилската култура, Фестивалот на брзината во Гудвуд, што се одржува во Западен Сасекс, меѓу другото ќе донесе и светска премиера на Pagani Huayra Codalunga.
Еден од вкупно петте автомобили во оваа посебна изведба на Pagani Huayra, именувана Codalunga, ќе биде изложен во тркачкиот бокс за суперавтомобили во Гудвуд. Овој специјален модел е создаден заеднички со долгогодишен клиент на Pagani, којшто и самиот има бројна колекција од автомобили од марката што се вбројува меѓу најексклузивните. Проектот се работеше во Pagani Grandi Complicazioni (PGC), којшто е специјализиран за ваков вид на изработки.
Тоа што сцената може да го посведочи за PGC е дека таму практично не постојат ограничувања, сé додека може да се плати. Во „Complicazioni“ се работи посветено за сите желби и барања на клиентот да се исполнат и да се создаде автомобил што практично е уметничко дело. Тоа што ќе се сработи во оваа ексклузивна работилница, само додава на имиџот на Pagani.
Основата од Huayra Coupé е продолжена и изведени се форми што личат како да се создадени од ветрот. Елеганцијата на Codalunga ја надминува таа на купето. Инспирацијата е црпена од „долгоопашестите“ тркачки автомобили во 1960-те години, коишто се натпреваруваа на Леман и имаа мошне едноставна линија. Huayra Codalunga ги имитира тие форми.
Pagani Huayra Codalunga
Главниот пристап бил да се отстрани сé што ќе се оцени како вишок. Со примена на најнајпредни, а тоа значи и најскапи композитни материјали, постигната е тежина на возилото од само 1.280 килограми. Поклопецот на моторот има површина од 3,7 метри квадратни и за 360 mm е подолг во споредба со купето. Пог него работи еден од најискличителните мотори во историјата, Pagani V12, во овој случај со 829 КС и 1.100 њутнметри.
Pagani Huayra R
На Гудвуд ќе се појави и Huayra BC Coupé, снабден со пакет „Tempesta”, којшто има за функција да ги извлече сите тркачки потенцијали на автомобилот. Тоа главно се спојлери и шестцевен издув, но секако дека има зафати и во подвозјето. Моќноста е зголемена на 827 КС, вртежниот момент достигнува 1.100 Nm.
Pagani Zonda R
Настапот на Pagani на настанот што се одржува на имотот на Чарлс Хенри Гордон Ленокс, 11-ти војвода од Ричмонд, ќе биде заокружен со легендарната Zonda Revolucion и со сосем новата Zonda Revo Barchetta, единствен примерок, што е дизајниран од Хорацио Пагани.