Минхен го најавува новиот BMW M2 како „технологија од тркачките патеки за улица“. Тоа што идниот основен модел на M GmbH деновиве го изведува на патеката во Австрија е возење исто како да е на трка. Шест цилиндри, погон назад, мануелен менувач.
Неколку месеци пред светската премиера на новиот BMW M2 тече завршната фаза од испробувањето на новиот модел од одделението за автомобили со високи перформанси на Баварците. BMW нагласува дека тоа е автомобил што е погоден за возење на тркачка патека. Идните сопственици сигурно нема да возат 241 km/h со Попова Шапка во заднина на полициската снимка, туку ќе го користат M2 за „трак дејс“ на познатите тркачки патеки. Кажано кусо, BMW M2 е автомобилска култура.
Целта на тестирањето на Салцбургринг е усовршување на возната динамика и точно нагодување на подвозјето. Инженерите откриваат уште сега дека се одушевени од тоа што го имаат постигнато. Новиот сериски модел нуди слични перформанси како BMW M2 CS, којшто е ексклузивен спортски модел од специјална серија на BMW M GmbH. Мотото е: Чисто чувство од тркачка патека во сите услови – вклучувајќи и екстремно подрачје“.
https://photos.app.goo.gl/NYEwzTQHVcXYU62m9
За моќта под хаубата на BMW M2 се грижи моторот што е преземен од моделите M3 и M4. За преносот може да се избира меѓу 6-степен мануелен менувач и 8-степен M Steptronic. Минхен вели дека со преносите се гарантира крајно динамично спроведување на перформансите, коешто од ново го дефинира уживањето во возењето.
Спортските возни својства се нагласуваат дополнително со адаптивното подвозје М и со погонот назад. Сопирачките се преземени од M3 и M4. Тука е веќе сé јасно.
Од опциите ќе се понуди покрив од карбон, заради пониска тежина, но и спуштање на тежиштето. Исто ќе може да се доплати и за школкасти предни седишта M Carbon. Премиерата е во октомври, салонскиот старт е во април в година.
https://photos.app.goo.gl/SGDW6C4bnduxSX478
https://photos.app.goo.gl/rCNAgvA59yPabMWP9
https://photos.app.goo.gl/fTZ8J4qgVfNzp1cL6
https://photos.app.goo.gl/KTQ6hjPkGqqENyDv5
https://photos.app.goo.gl/4DUKRHmJx4VXf5RWA
https://photos.app.goo.gl/DUkTp7X5CWgLuvCd9
https://photos.app.goo.gl/tPMemAmzvZZ2hnwm7
https://photos.app.goo.gl/ErStEqcjMCgyN4nG9
BMW M2 ќе биде последен модел на M GmbH без електромотор во погонот
















