ЕУ реши: Од 2035 година ќе се продаваат само електрични автомобили

mercedes, полнач за електрични автомобили
mercedes, полнач за електрични автомобили

Во борбата за подобрување на заштитата на климата, Парламентот на ЕУ сака да забрани продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување по 2035 година. Повеќето пратеници гласаа, производителите на автомобили, од средината на следната деценија да продаваат само автомобили и доставни возила што не испуштаат стакленички гасови, коишто се штетни за климата.

Пред законот да стапи на сила, Парлементот мора да расправа на таа тема со државите членки на ЕУ. Забраната за продажба на автомобили со бензински или дизел мотор може да се утврди веќе кон крајот на месецов.

Предлог законот е дел од климатскиот пакет на ЕУ, насловен Fit for 55, чијашто цел е емисиите што се штетни за климата, до 2030 година да се смалат за 55 проценти во споредба со нивото од 1990 година. Следен чекор е до 2050 година да се постигне целосна неутралност во поглед на климата. Околу 20 проценти од емисијата на СО2 потекнува од патниот сообраќај.

Пратениците се изјаснија и за синтетските погонски горива, коишто се пропагираат како пријателски кон животната средина и коишто исто така нема да бидат дозволени за користење во автомобилите по 2035 година.

Повеќето големи производители на автомобили, како Mercedes и Ford, во ноември 2021 година, на Светската климатска конференција во Глазгов побараа престанок на продажбата на возила со мотор со внатрешно согорување по 2035 година.

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Претходна објаваНе е само бензин и дизел: На што сé плаќаме акциза
Следна објаваOpel Corsa-e најпродаван електричен автомобил во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here