за

Не е само бензин и дизел: На што сé плаќаме акциза

Од наплата на акциза при увоз и промет, данок при увоз и царина, во буџетот во минатата година директно се слеале 103,5 милијарди денари или 1,68 милијарда евра. Тоа било за четвртина повеќе отколку во 2020 година.

Возачките и возачите плаќаат по 22 денари по литар бензин и 15,5 денари по литар дизел на име акциза. На годишно ниво, во патниот транспорт се трошат повеќе од 500 илјади тони дизел. На тоа следат уште стотина илјади тони бензин. Тоа е само за претстава, колкави суми пари од нашето секојдневие се насочуваат директно во буџетот. Следи кус преглед на акцизните добра, односно на производи што подлежат на акциза.

Повеќе од една милијарда евра. Во автомобилскиот свет, тоа е сума со којашто најголемите производители на автомобили, можат да изградат најсовремена фабрика. Најсвеж пример е фабриката на BMW во Унгарија, во којашто наскоро ќе стартува производство на електрични автомобили од германскиот премиум-бренд, со капацитет од 150.000 возила годишно, со врвна технологија и со почитување на незамисливо строги стандарди на одржливост во производството.

Во Најубава Македонија, граѓанките и граѓаните лани на државата ѝ платиле 1,68 милијарда евра, од акциза, ДДВ при увоз и царина. Најголемиот дел од таа баснословна сума, сосем јасно произлегува од горивата, од дизелот, бензинот, керозинот. Ако BMW со нешто повеќе од 1 милијарда евра гради фабрика со светски вредности, што тогаш прават властите во оваа Најубава Македонија со 1,68 милијарда евра?

Графикон на потрошувачка на дизел во патен транспорт 2005-2020

Како што низ годините енормно растела потрошувачката на нафта, соодветно енормно растел и приходот во буџетот од акциза

New item by Automedia MK / Google Photos

Воведот вети кус преглед, па нека биде кус:

(податоците се пренесени од вебсајтот на Царинската Управа)

Износи на акциза

Износ на акциза на алкохол и алкохолни пијалаци

Опис Износ на акциза Единица мерка

Пиво

4 денари

1% волуменски удел на чист алкохол содржан во еден литар готов производ
Непенливо вино 0 денари  
Пенливо вино 0 денари  

Други пенливи ферментирани пијалаци

0 денари

 
Други непенливи ферментирани пијалаци

0 денари

 
Меѓупроизводи со содржина на алкохол <15% 33 денари литар
Меѓупроизводи со содржина на алкохол >15% 55 денари литар
Етил алкохол и жестоки пијалаци 340 денари литар измерен на температура од 20°C

Акциза кај мали независни пиварници

За пивото произведено кај мала независна пиварница кое се пушта во промет на акцизното подрачје малата независна пиварница има право на враќање на платената акциза во зависност од вкупното годишно производство и тоа: 

Годишно производство Износ за враќање
До 50.000 литри 50% од платената акциза
До 75.000 литри 40% од платената акциза
До 100.000 литри 30% од платената акциза
До 150.000 литри 20% од платената акциза

Акциза кај мал независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци

Акцизата на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци кои ги произведува мал независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци (мала дестилерија) се плаќа во износ од 50% од пропишаната акциза од член 58 став (5) од Законот за акцизите.

Акциза кај земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци

На произведената количина на литар жесток алкохолен пијалак под услов годишното производство да не ја надминува количината од 2500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%, во распон од +/- 5% алкохол, земјоделците плаќаат акциза во следните износи:

0,00 (нула) денари во првата година;

10,00 денари во втората година;

20,00 денари во третата година и

30,00 денари од четвртата година па натаму сметано од 01.01.2020 година

Износи на акциза на тутунски производи

           

Опис

 

Единица     мерка

 

Специфична акциза

Акциза по вредност (ad valorem) од малопродажна цена
Цигари парче 2.453 денари* 9%
Пури парче 21,37 денари 0%
Цигарилоси парче 10,00 денари 0%
Тутун за пушење (фино сецкан) килограм 1800,00 денари 0%
Друг тутун за пушење и тутун за наргиле килограм 1800,00 денари 0%
Тутун за шмркање и тутун за џвакање килограм 1800,00 денари 0%
Несогорлив тутунски производ килограм 2500,00 денари 0%
Течност за електронска цигара милилитар волумен 2,20 денари  

 

Износ на акциза за енергенти и електрична енергија:

Опис Износ на акциза Единица мерка
Моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 грама на литар и авиобензин 22,00 денари литар
Безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар 22,00 денари литар

Дизел гориво (гасно масло)

– како погонско гориво

– како гориво за греење

15,50денари

15,50 денари

литар

литар

Течен нафтен гас и метан 4,9 денари килограм

Керозин

– како погонско гориво

– како гориво за греење

11 денари

2,20 денари

литар

литар

Масло за ложење (мазут) 0,100 денари килограм
Нафтен кокс 84,6 денари гигаџул
Природен гас 0 денари нормален кубен метар
Јаглен, кокс и лигнит 0 денари гигаџул
Електрична енергија 0 денари мегават час
Биогорива 0 денари килограм
Масла за подмачкување 7 денари килограм
Препарати за подмачкување (синтетички) 22 денари килограм

Со илјада денари бензин, само 93 место 140 километри

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дојде време Fiat Doblo да вози на струја

mercedes, полнач за електрични автомобили

ЕУ реши: Од 2035 година ќе се продаваат само електрични автомобили