Бензинот вечер поскапува повторно. Новата цена е 107 денари за литар Еуросупер 95, додека бензинот Еуросупер 98 се качува на 109 денари. Дизелот соодветно поскапува на 97,50 денари. Два или три, а зошто да не и десет денари повеќе за литар, тоа не е многу, ќе си речат многумина. Колку е вистинското поскапување на горивата, покажуваме на еден мошне разбирлив начин.
Бензинот на полноќ поскапе на 104 и на 106,5 денари, соодветно за 95-ка и 98-ка, дизелот дојде до 95 денари. Чекањето во колони, да се наполни гориво, ќе им се исплати двојно на храбрите и на богатите што можат да наполнат цел резервоар. Денес, на полноќ, од првата минута на 2-ри јуни 2022 година, бензините поскапуваат на 107 и 109 денари, дизелот на 97,5 денари.
Но, дали разликата се „само“ тие три или пет или дваесет денари од литар? Можеби разликата е многу поголема отколку што можеме да претпоставиме ние наивните, кои веруваме дека проблемот сме го решиле целосно со тоа што сме го наполниле резервоарот, а веројатно и половина подрум, со скапоцен бензин, по стара цена.
Без многу теории, примерот е следен. Со 1.000 денари сметка за бензин Еуросупер 95, пред шест месеци, на 7-ми декември 2021 година, резервоарот можело да се наполни со 14,08 литри гориво, по цена од 71 денари за литар. Од полноќ, со сметка за бензин Еуросупер 95 во вредност од 1.000 денари, резервоар ќе се наполни со само 9,35 литри бензин.
Што точно значи оваа разлика, уште подобро покажува следниот пример
Со автомобил што троши 10 литри гориво – а тоа е многу реалистична вредност, кога ќе се види брзината и нервозата со којашто се вози по градовите низ Македонија, да не спомнуваме пак, темпо 200 на правец Тетово – Скопје – со 14,08 литри гориво во резервоарот, пред шест месеци можело да се извозат комотно 140,8 километри.
Со истиот тој автомобил, што е сосем сигурно дека и од утре ќе продолжи да троши 10 литри гориво, од полноќ со 9,35-те литри бензин за 1.000 денари ќе може да се извозат само 93,5 километри. Разликата е значи 47,25 километри. Толку ни е скусен патот во оваа наша Македонија, што уште ја помниме како прекрасна и најубава во свет, од дилетантизмот, неодговорноста, од стандардите за владеење од пластичарска улица, од коишто сите страдаме.
2 Comments
Одговори2 Pings & Trackbacks
Pingback:Со илјада денари бензин, само 93 место 140 километри | Блог на порталот за автомобилизам Automedia.mk
Pingback:Не е само бензин и дизел: На што сé плаќаме акциза - Automedia