Во Млада Болеслав во последните неколку недели се преземаа клучни стратешки чекори, за надминување на проблемот со прекинатото снабдување со кабелски инсталации, поради војната во Украина. Škoda пресели дел од подготовката на кабелските инсталации во други фабрики, но се работи и во Чешка.
Во Украина повторно се изработуваат кабелски инсталации за вградување во автомобили за Škoda. Прекинот во снабдувањето со овој релативно едноставен, но неопходен склоп, доведе до сериозни проблеми. Продукцијата на електричниот СУВ-модел ENYAQ iV мируваше осум недели, почнувајќи од 3-ти март. Во изминатиот период се работеше на брзо и сигурно обезбедување испорака од други локации, како во Европа, така и во Северна Африка.
Во соработка со PEKM Kabeltechnik, чешкиот производител по пет недели од почетокот на војната префрли дел од изработката на кабли од Украина во Млада Болеслав. PEKM ги вгради потребните машини во хали обезбедени од Škoda. Во почетокот на април, стартуваше и испораката на првите кабелски инсталации од Чешка.
Во халите моментно се ангажирани 35 жени од фабриката во украински Лавов, коишто во исто време вршат и обука на новите вработени. Кабелските инсталации за Škoda FABIA COMBI се изработуваат во Млада Болеслав, а во следните недели ќе стартува и изработка за OCTAVIA, KODIAQ, KAROQ и SUPERB.
За да се осигури испорака во итни случаи во иднина, Škoda обезбеди дополнителни капацитети од фабриката на Kromberg & Schubert во Кенитра, Мароко, во близина на Рабат. Покрај тоа, Kromberg & Schubert ја зголеми продукцијата во фабриката во Житомир, Украина. Потребата од кабли за ENYAQ iV ќе се покрива од Житомир и од Кенитра.
Од крајот на јуни, во Романија ќе се зголеми продукцијата на кабли што се неопходни за полнење на батеријата на електричните возила. Кабелските инсталации за OCTAVIA и SUPERB од септември ќе се изработуваат и во Танџир, Мароко.
Škoda Slavia е лимузина со техника од Fabia и се продава во Индија
















