BMW гради најсовремена фабрика за автомобили во Унгарија

Групацијата BMW постави камен темелник за новата фабрика во Дебрецин. Германската компанија вложува повеќе од една милијарда евра во фабриката во близина на вториот најголем град во Унгарија. Таму ќе се произведува револуционерна генерација електрични автомобили, што BMW веќе подолго време ја најавува како „Neue Klasse“, односно нова класа.

Идната фабрика на BMW во Унгарија ќе има клучна улога во преоѓањето во ерата на  електромобилноста. Голем дел од продукцијата на електрични возила на баварската марка ќе потекнува токму од новата фабрика во Дебрецин, поранешен главен град на Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Шијарто, говори за значењето на изборот на BMW, фабриката да се гради во земјата: „Преку напорна работа во минатите години, успеавме од Унгарија да создадеме најконкурентна средина за инвестиции во Европа, којашто се заснова врз политичка стабилност, одлична унгарска работна сила и најниски даноци за работа во Европа.“

Градоначалникот др. Ласло Пап, исто така го препознава огромното значење на фабриката на BMW: „Новата фабрика на BMW во Дебрецин ќе даде ново толкување на поимот производство на автомобили. Во исто време, Дебрецин и источниот регион на Унгарија ќе го дефинираме од ново, преку настанувањето на BMW Group.

https://photos.app.goo.gl/b7wtkGAuRP4dTuHF6

Фабриката на површина од преку 400 хектари на северозапад од Дебрецин ќе содржи погон за пресување, кароериско одделение, лакирница и монтажа. Годишниот капацитет е 150.000 возила. Во Унгарија ќе се произведува моделот што ќе ја постави основата за „Новата класа“ и сите следни модели ќе ја користат неговата т.н. кластер-архитектура.

Емисијата на СО2 по произведено возило ќе изнесува нула“, најавува директорот за производство во BMW, Милан Недељковиќ. Во фабриката нема да се користи енергија од енергенси од фосилно потекло. Енергијата целосно ќе потекнува од обновливи извори. Тоа ќе биде прва автомобилска фабрика во светот, што ќе произведува без СО2.

Најголемиот дел од енергијата ќе потекнува од фотоволтаичките системи во состав на фабриката. Моментно се истражува и можност за користење геотермална енергија. Во лакирањето нема да се користат бренери за сушење на каросеријата, туку ќе се применува технологија исклучиво врз база на електрична енергија.

Вест од 2019 година:

Каква ни беше автомобилската 2018 година: Препишано, неразбрано

Претходна објаваЏампер, Боксер и Дукато ќе добијат братче од Toyota
Следна објаваŠkoda сама си составува кабли во Чешка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here