Најскапиот автомобил е Mercedes-Benz и чини 135 милиони евра

Тоа е најскапиот автомобил во историјата. Еден од двата исклучително ретки оригинални примероци од 300 SLR Uhlenhaut Coupés од колекцијата на историски модели на Mercedes-Benz, продаден е на приватен колекционер по цена од 135 милиони евра.

Со сумата од продажбата ќе се основа глобален „Mercedes Benz Fund“, преку којшто на младите ќе им се овозможат стипендии за образование и за истражување, во подрачјето на науките за заштита на животната средина и декарбонизацијата.

Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé потекнува од 1955 година и именуван е според својот конструктор и главен инженер Рудолф Уленхаут. Сцената го познава овој автомобил како еден од највпечатливите примери на автомобилска конструкција и дизајн.

Продажбата на 300 SLR Uhlenhaut Coupés се одржа на 5-ти мај во рамките на аукција во музејот на Mercedes-Benz, во соработка со ценетата наддавачка куќа RM Sotheby’s. На истата биле поканети избрани клиенти на Mercedes-Benz и светски колекционери на автомобили и уметнички дела, коишто ги ценат вредностите на марката Mercedes-Benz. Автомобилот потекнува од колекција што е недостапна за јавносста и содржи повеќе од 1.100 возила, почнувајќи од првиот автомобил во светот, од 1886 година, до денес.

Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

Претходна објаваСвеченото доделување на „Autobest“ за 2022 година ќе се одржи во Стразбур
Следна објаваВистински теренец SsangYong Torres доаѓа в година, погонот на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here