Руски регистерски таблички за автомобилите во Крим

Припојувањето на украинскиот Крим кон Русија предизвика промени и кај автомобилите. Тие сега носат руски регистерски таблички.

Како логична последица од анексирањето на Крим кон Русија, автомобилите што претходно носеа украински регистерски таблички, отсега имаат нови таблички. Жителите на Крим мораат да ги заменат нивните стари регистерски таблички со нови руски таблички. Во десниот крај на руските таблички стои бројка што го означува потеклото на возилото. Кодот 82 се однесува на возилата што се регистрирани во Крим.

Претходно овој број припаѓаше на автономната област Корјак, но таа во 2007 година се припои кон областа Камчатка, по што бројката 82 остана неискористена. Старите регистрации од Крим почнуваа со АК.

Украинските таблички во Крим заминуваат во историјата
Украинските таблички во Крим заминуваат во историјата

Претходна објаваОд скапо поскапо: Златно Ferrari по улиците на Лондон
Следна објаваПретставена новата Alfa Romeo Giulietta во Аутомобиле СК

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here