Kia Niro Plus е првото специјално возило што е конструирано за одредена намена. Во браншата сé почесто ќе се зборува за Purpose-built Vehicle, односно PBV. Конструирањето и производството на посебни видови возила, коишто се разликуваат од воспоставените каросерии и форми, претставува дел од стратегијата на Kia, да прерасне во понудувач на најразлични видови на мобилност, коишто не ѝ наштетуваат на животната средина.
Niro Plus ќе биде во редовната понуда и во Кореја ќе се користи како такси возило со нулта емисија на штетни материи. Моделот го користи како основа електричниот кросовер Kia Niro EV од првата генерација. Преправките се извршени за возилото во најголема можна мера да се приспособи за новиот вид услуги за мобилност, како што е Car-Hailing.
Во Кореја веќе стартуваше продажбата на Kia Ray Van, прво доставно возило во земјата со едно седиште, коешто е наменето за покривање на растечката побарувачка за возила за достава на мали пратки – обично станува збор за предмети што се нарачуваат преку онлајн-продавниците.
Kia е предводник на пазарот на PBV-возила и цели до 2030 година да стане пазарен лидер. За таа цел се развива специјална платформа, врз којашто ќе може да се поставуваат каросериски надградби од најразлична форма и големина.
https://photos.app.goo.gl/SSegdWAMmDFR7ihQ6
Првиот PBV-модел врз оваа платрформа ќе стартува во 2025 година, кога веќе ќе биде развиен глоблниот пазар за овие возила. Тој модел ќе има големина на возило од средна класа и ќе може да се избира скалесто, во поглед на големината на батеријата или моќноста.
Идејата на стратезите на Kia е нивниот Niro Plus за време на работната седмица да се користи деловно, во функција на Car-Hailing, за во викендите да може да послужи за семеен излет или кампување
Kia Niro Plus ќе стартува со продажба на одредени пазари ширум светот во втората половина на годината. Покрај чисто електрична изведба, ќе стојат на располагање и верзија со приклучен хибриден погон или со самополнечки хибриден погон.
https://photos.app.goo.gl/tjyF62QboXD88KEE9
Такси изведбата Niro Plus има за 80 mm повисока каросерија наспроти стандардниот модел и подолта е за 10 mm. Седиштата се потенки заради повеќе простор во кабината, исто како и облогите на вратите. Во кабината се вградува наменска опрема, како рефлектори во вратите и држачи за полесен пристап и излегување.
2022 KIA Niro plus pic.twitter.com/TNlkAmSXc7
— 01TRS_repiV (@TEQHNIKACROSS) May 12, 2022
Кокпитот исто така е приспособен, за возачот да може да користи само еден дисплеј, место повеќе уреди, на пример, мобилен телефон покрај самиот средишен дисплеј. На големиот дисплеј ќе се прикажуваат соодветни содржини, вклучувајќи и таксиметар, навигација и говорни команди.
Kia Sportage на дело: По стариот пат преку Богомила до Прилеп
















