за

Три модели на Peugeot во португалскиот Топ 5

Peugeot 2008 е најпродаван модел во Португалија, веднаш по него е Peugeot 208. Не заостанува и 3008, којшто го заокружува Топ 5.

Португалија е една од омилените земји во коишто Peugeot ги претставува своите нови модели пред светските медиуми, но очигледно дека и на португалските возачки и возачи им е посебно омилена марката со лавот.

Peugeot ја заврши минатата година во Португалија како најпродавана автомобилска марка. Залетот држи и во првите четири месеци од полу-постпандемиската и предкризна 2022 година, со Peugeot повторно како најпродавана марка. Три од петте најпродавани модели во прекрасната земја се Peugeot.

Листата на најпродавани модели од јануари до крајот на април ја почнува Peugeot 2008, а веднаш по него следи Peugeot 208. Француската марка го предводи и целиот Б-сегмент, а исто е случај и едно скалило погоре, во Ц-сегментот, кадешто СУВ-моделот Peugeot 3008 е омилен. Слична доминација владее и на пазарот на доставни возила, со 19% удел на Peugeot.

Во поглед на електрификацијата, Peugeot води на сцената на 100% електрични автомобили. Доколку се изземат моделуте од премиум марките, тогаш Peugeot е најпродавана волуменска марка и на пазарот на возила со приклучен хибриден погон.

Во првите четири месеци од 2022 година, Peugeot 2008 постигна продажба од 1.778 примероци. Тоа се 3,21% од целиот португалски автомобилски пазар, заедно со доставните возила – повеќе од три од секои 100 продадени автомобили и комбиња во земјата, биле Peugeot 2008. Доколку се гледа само Б-сегментот, тогаш на овој заводлив француски модел отпаѓаат 7,97% од истиот.

Кадар од нашето ланско возење со 100% електричен Peugeot e-208 до мариовска Градешница

Втор најпродаван модел е Peugeot 208, со 1.731 примерок или само 47 возила помалку од „2008“. Уделот на моделот, соодветно, изнесува 7,76% од целиот Б-сегмент. Португалскиот Топ 5 за Peugeot го заокружува семејниот и секаде применлив „3008“, со 973 примероци за четири месеци. Тој е воедно и омилениот модел на Португалките и Португалците во компакт класата, односно во Ц-сегментот.


Титулата на најпродавана марка до април, Peugeot ја заслужи со вкупно 5.673 продадени автомобили, што соодветствува на пазарен удел од 12,02 проценти. Уште поголем дел од пазарот освојуваат доставните возила, со своите 19,13% удел и вкупно 1.562 возила. Најмногу се продава Partner, којшто воедно и се произведува во земјата, во фабриката на Stellantis во Мангуалд.

Peugeot Partner е најпродавано доставно возило во Португалија, со 1.123 возила до април и со удел од 13,85 проценти.

На пазарот на батериски електрични и приклучни хибридни возила, пак Peugeot прв

Peugeot води и на пазарот на батериски електрични возила, вклучувајќи ги и доставните возила со погон на струја. На француската марка отпаѓаат 11,98% од пазарот на чисто електрични возила, и вкупно 591 примерок. Нашиот „мариовски“ e-208 е најпродаван модел со ниска емисија на СО2 во Б-сегментот.

Извештајот од португалскиот пазар завршува со сегментот на приклучни хибриди. Peugeot е прв меѓу волуменските (значи не-премиум) марки, односно вкупно четврта најпродавана марка, со 453 возила и удел од 8,81 проценти.

Во 1893 година: Првиот автомобил во Италија бил Peugeot

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Роботи цртаат уметничко дело врз покривот на автомобилот

Kia ќе произведува посебни модели за такси-компании