за

Роботи цртаат уметничко дело врз покривот на автомобилот

Робот на специјалистот ABB лакира уметнички дела и геометриски форми на покрив на автомобил. Тоа се бара, можно е автомобилските марки наскоро да понудат ваква опција.

Дела на светски прочуениот осумгодишен уметник Адваиот Коларкар од Индија и на колектив од дигитални дизајнери од Дубаи се најдоа на покривот на автомобил – нацртани од робот.

Роботот за лакирање на ABB од тип IRB 5500 е опремен со 1.000 млазници во апликаторот за лак и ги изработи сложените уметнички дела за помалку од половина час. Технологијата PixelPaint се одликува со врвна прецизност и брзина, а воедно и со способност за изведување најситни детали. Такви детали не може да се лакираат рачно.

Со овој потфат, ABB преку својата технологија PixelPaint најавува дека во иднина може да се очекува вакви филигрански дела да се нацртаат на автомобил. Тоа ќе биде предизвик и за уметниците, за сцената да се заинтересира за новиот начин за возачките и возачите да дадат посебна препознатливост на својот автомобил. Секако дека е мошне важно и тоа што ABB велат дека изработката не чини прескапо.

Делото на младиот уметник Адваит Коларкар, наречено Зебра Утопија, лакирано е врз покривот на СУВ на Volkswagen, оштетен во поплавите во Германија во минатото лето.

PixelPaint воведува значајна иновација, затоа што за слично дело да се лакира на вообичаениот начин треба посебно да се нанесува слој по слој, боја по боја. Тоа секако е значително поскапо и подолготрајно. Технологијата на ABB постигнува најпрецизно дозирање на лакот и нанесување на боите во еден единствен чекор.

Осумгодишниот уметник Адваит Коларкар

Одржливоста исто така е силна страна на новата технологија. Нема потреба каросеријата да се маскира и да се троши материјал за таа цел, а исто и бојата се нанесува без распрскување околу. Цената по којашто автомобилските фабрики ќе можат да исполнат вакви специјални барања од клиентите, би била за околу 60 проценти пониска во споредба со постоечката постапка.

Делата на осумгодишниот Индиец Адваит Коларкар се изложени во Галеријата Гаљарди во Лондон, во период од 12-ти до 22-ри мај.

Линк до галериската изложба на Адваит

https://www.gagliardigallery.org/artistadvaitkolarkar

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Интервју со Славче Таневски, дизајнер на Mercedes-Benz EQS SUV

Три модели на Peugeot во португалскиот Топ 5