Намалената тежина, одличната аеродинамика и штедливите мотори направија класата C на Mercedes да биде шампион во штедливост во класата. Најекономичниот модел троши само 4,0 литри дизел.
Техничарите на Mercedes е ангажираа буквално во секое подрачје со цел да ја намалат потрошувачката на гориво на новата класа С, а во исто време да го нагласат и нејзиниот спортски карактер. Со примена на алуминиум, моделот од средната класа е до 100 килограми полесен од претходникот.
Во целиот животен циклус, почнувајќи од производството, преку експлоатација на 200.000 километри, до крајното згрижување во отпад, новата класа С ослободува околу 10 проценти помалку СО2 од претходниот модел, односно дури 28 проценти помалку во споредба со моделската генерација од 2007 година.
Предуслов за одличните вредности претставува и аеродинамиката. Вредноста на отпорот на воздух од 0,24 за моделската изведба C 220 BlueTEC BlueEFFICIENCY Edition претставува рекорд во средната класа. Со подобрената аеродинамика се намали и нивото на бучност, кое што и кај претходникот беше на минимум.
Покрај тоа што ги задоволува барањата на ЕУ, најмалку 95 проценти од компонентите на возилото да се рециклираат, класата С вклучува и повеќе циклуси на искористување на обновливи материјали. Вкупно 52 делови од новата лимузина, со вкупна тежина од 49,3 килограми, содржат рециклирана пластика со висок квалитет, што е 23 проценти повеќе од претходникот. Дури 76 делови со вкупна тежина од 26,3 килограми се изработени од природни материјали, односно 55 проценти повеќе во споредба со претходната генерација на класата С.
















