Норвешка Пошта го обнови возниот парк со 29 електрични камиони Volvo. Нарачаните возила се од моделските серии FL и FE, сите користат иста погонска изведба и поседуваат шасија со две или три оски.
Според аналитичарите, лани во Европа биле регистрирани 346 нови електрични камиони во категоријата над 16 тони. Volvo ужива највисок пазарен удел, со учество од 42 проценти. Овие бројки годинава ќе продолжат да растат со уште побрзо темпо. Volvo доби нарачка за 29 електрични камиони за Норвешката Пошта.
Камионите со погон на батерија ќе ја услужуваат целата територија на земјата, од Тромсо на северот, до Кристијансанд на југот. Учеството на возила што користат обновлива енергија во возниот парк на Поштата моментно изнесува 37 проценти. „Имаме амбициозна стратегија за животната средина, од којашто корист ќе има целата држава“, порачува Кенет Тјондал Петерсен, од службата за односи со јавност на Норвешката Пошта.
Претходните нарачки од Volvo вклучија 13 камиони со погон на биогас и 3 електрични камиони. Тоа значи дека Швеѓаните годинава ќе испорачаат вкупно 32 електрични камиони и 13 камиони со погон на биогас за достава на пошта во соседната Норвешка.
Во поглед на уделот на електрични камиони, европски првак е Швајцарија, потоа следи Норвешка
„Посебно е важно, големите играчи да ја предводат играта. Овој обем на нарачки му укажува јасно на светот, дека региоиналниот транспорт со електрични камиони е исплатливо решение во големи размери. Норвешката Пошта докажува дека тоа веќе е реалност“, коментира Бјорн Инге Хауган, директор на продажба на Volvo Trucks во Норвешка.
From heavy regional transport to city distribution, we can now offer a full-electric truck range to meet the need for cleaner and quieter transport. https://t.co/6kfzsLx8Nn pic.twitter.com/0svaSwpbUj
— Volvo Trucks (@VolvoTrucks) February 20, 2022
Кусо за електричните камиони на Volvo Trucks:
- Volvo Trucks има пет (шест вклучувајќи го Volvo VNR electric за Северна Америка) камиони со целосно електричен погон, за покривање најразлични потреби за транспорт.
- Volvo FH, Volvo FM И Volvo FMX Electric се камиони од тешка категорија со тежина до 44 тони. Стартувана е продажбата во Европа, а производството ќе започне во втората половина од 2022 година.
- Сериското производство на Volvo FL и FE Electric за достава во град и за собирање отпад стартуваше во 2019 година.
- Производството на Volvo VNR Electric за Северна Америка започна во 2021 година.
>>> Испорачан 300-от примерок од електричниот камион Fuso eCanter

















