Комбињата ќе возат на струја: Volkswаgen ID. Buzz

Во почетокот на март ќе се случи уште еден важен момент за Volkswagen, со првото појавување на електричниот ID. Buzz пред светот. Традиција долга седум децениии доживува историска пресвртница. Некогашниот хипи-мобил со боксер мотор, прераснува во трендовско комбе со чист и тивок погон на струја.

Светската премиера на концептниот автомобил ID. BUZZ на салонот во Детроит во 2017 година предизвика големо внимание. Тоа што менаџерите на Volkswagen се надеваа дека ќе го добијат од публиката, безрезервно го добија: Општата позитивна реакција на публиката за електричното комбе, даде потврда за стартот на сериското производство.

Оттогаш поминаа пет години во развој на моделот. Во меѓувреме, ID. Buzz е подготвен за старт. Volkswagen најавува дека тоа ќе биде модел што ќе ја смени играта во електричната мобилност. Важниот датум е 9-ти март. Комбето ќе се појави во две изведби, ID. Buzz со пет седишта и ID. Buzz Cargo како доставно возило.

Во моментов се возат завршни тест возења, кои повеќе симулираат дека има нешто да се доусоврши во возилото и имаат главно маркетиншка цел. Претсериските примероци од ID. Buzz моментно се во рацете на големите автомобилски медиуми и се возат низ Барцелона, Париз, Лондон, Амстердам, Копенхаген, Хамбург и Хановер.

Дизајнот влече корени од иконскиот Volkswagen T1, комбито од времето на Бубата

Возилата уште се во маскирни бои, меѓутоа формата на концептниот автомобил од 2017 година се забележува дека не е сменета и тоа ќе ги одушеви луѓето. Силуетата е многу слична со легендарниот T1. Куси каросериски превиси што укажуваат дека има многу простор во возилото, заедно со наједноставен дизајн што каросеријата јасно ја дели на горен и долен дел. Секако, главно обележје е V-формата во носот на електричниот Bulli.

https://photos.app.goo.gl/yAdDinwXYKjxUFzUA

Електричното комбе на Volkswagen ја користи платформата MEB, исто како ID.3-ID.5. Батеријата располага со капацитет од 82 кWh бруто, односно 77 kWh нето. Електромоторот со моќност од 150 kW и вртежен момент од 310 Nm е вграден во задната оска и ги движи задните тркала. Крајната брзина е ограничена на 145 km/h. Уште нема службени податоци за досегот. Мошне е згодно тоа што кругот на вртење е мошне мал за големината на возилото и изнесува малку над 11,0 метри.

Во текот на годинава ќе се придружи изведба со продолжено меѓуоскино растојание, којашто ќе понуди и повеќе простор за патници и повеќе место за товар или багаж.

https://photos.app.goo.gl/9T1zrGDJCyCfdhXq6

Стандардната изведба има меѓуоскино растојоание од 2.988 милимери и долга е 4.712 милиметри. Во споредба со VW Transporter 6.1, тоа се близу 20 сантиметри помала должина на каросеријата. Просторноста во кабината е иста за двата модели со сосем различен погон. Висината на возилото е 1.937 mm (T6.1: 1.970 mm), ширината е 1.985 mm, што е +81 mm во споредба со T6.1. За тркалата може да се избира димензија до 21 инчи.

Багажникот е „мала“ сензација, 1.121 литри. Товарната изведба ќе располага со простор со зафатнина од 3,9 литри. И тоа е придобивка од електричниот погон

За да им го олесни животот на идните сопственици на ID. Buzz, Volkswagen нуди услуга на „Plug & Charge“. Тоа значи дека нема потреба да се користи картичка за претплатник при приклучување на возилото на почнач. Уште една новина ќе биде двонасочното полнење, што значи дека надворешни потрошувачи ќе можат да се приклучат на батеријата на електричното комбе. Тоа добива уште поголема смисла, ако енергијата што дење ја произведуваат фотоволтаичките панели се акумулира во батериајта на ID. Buzz, за истата да се користи во текот на ноќта.

Продажбата во Европа стартува во септември. Планирано е ID. Buzz да се продава и во САД, Volkswagen впрочем очекува мошне голем интерес за моделот на големиот пазар од Њујорк до Сан Франциско.

Цените, техничките податоци и опременоста на електричните модели на Volkswagen што се нудат на македонскиот пазар можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог Avtosalon.mk на следниот линк

Inventory

Претходна објаваНорвешка Пошта нарача 29 електрични камиони Volvo
Следна објаваОвој Mercedes Actros е „SEL“ меѓу камионите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here