Специјалните серии од Mercedes-Benz Actros не се новина. Производителот на камионите со сребрената ѕвезда, овојпат се надмина себеси. Новиот ексклузивец се води под името Actros L Driver Extent+ , а според Mercedes, камионов на возачот ќе му обезбеди незаборавно возачко искуство.
Уште самата појава на овој камион укажува дека се работи за нешто посебно. Натписот Actros напред е финиширан во темен хром, со најгрижлива обработка. Дополнително е поставена плоча врз штитникот за сонце, што потврдува дека се работи за ексклузивен примерок Driver Extent+ и за лимитиран специјален модел.
Кабината е облагородена со ексклузивни налепници во мат сива боја. Тие додаваат акцент под страничните прозорци, на штитникот за сонце, на страничните облоги и на предниот дел од кабината. Бојата на кабината е по желба. Црна затворена бленда му дава уште посилен карактер на носот на Actros и прави осветлената ѕвезда на Mercedes-Benz да се забележува уште појасно.
https://photos.app.goo.gl/9ky93c8LTNB2k1ss9
Со четирите тркалезни фарови во штитникот за сонце се добива јасна глетка при секакви временски услови. Секако дека станува збор за диодна техника што штеди енергија. Навртките на тркалата се покриени со плоча што дава екстра благороден печат и може да биде изработена од нерѓосувачки челик или да биде лакирана црно. Затворените панели над рамката се изработени од алуминиум и располагаат со дополнителни две скалила, покрај стандардните.
https://photos.app.goo.gl/AfCho5s4z3NLGiLB6
По отворањето на вратите се прикажува осветлена плочка со натпис Mercedes-Benz, што им дава дополнителен сјај на челичните скалила од двете страни. Посебна приказна е кабината. Амбиенталното осветлување работи со 138 светлечки диоди, со можност за менување на боите и на силината. Згоден и корисен детал е кафе-апаратот со дизајн на Mercedes-Benz, што може да се постави во држачите за чаша.
>>> Mercedes Actros е ѕвезда на автопатот: Специјална серија од 400 примероци

















