Volkswagen AG и автомобилскиот холдинг Porsche SE, којшто е најголем сопственик на акции во концернот и располага со главнината од гласовите (53,3%), се пред заклучувањето на преговорите за можен старт на автомобилската марка Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG на берзата.
Во Волфсбург моментно се договараат улогите и правата на концернот Volkswagen AG, којшто ги обединува сите марки и активности во рамките на истиот, и на автомобилскиот холдинг Porsche SE – што од март 2019 година располага со 53,3 проценти од правата на глас (преку матични акции на VW) и со 31,4% од капиталот, за автомобилската марка Porsche да ги понуди своите акции за тргување на берзата. Со тоа се подготвуваат следните чекори коишто ќе водат кон можниот берзански старт на марката Porsche, со целосно име Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG.
Првичната спогодба понатаму ќе се најде на гласање пред управниот одбор и надзорниот одбор на концернот Volkswagen AG. Како што соопштуваат од Волфсбург, уште не е донесена конечна одлука. Двата одбори треба да бидат сложни за овој клучен чекор.
Сличен пример е италијанската спортска марка Ferrari, во којашто Fiat поседуваше 90% од акциите до октомври 2015 година. Тогашниот Fiat Chrysler Automobiles ја издвои спортската марка како Ferrari N.V., со седиште во Холандија, како нова холдинг компанија на групацијата Ferrari S.p.A, со акции на њујоршката берза. Спинофот беше комплетиран во јануари 2016 година.
>>> Porsche седумдесет години продава автомобили во Австралија

















