Премиерот на Баден Виртемберг се вози во електричен Mercedes

Марката со сребрената ѕвезда го воспева својот електричен знаменосец на сите фронтови: Технологија, дизајн, функционалност, конективност, Mercedes-Benz EQS поставува врвни мерила во сите тие подрачја. Нормално дека само таков автомобил одговара за премиерот на покраината Баден Виртемберг.

Mercedes-Benz EQS 580 4Matic e новото службено возило на премиерот на германската сојузна покраина Баден Виртемберг, Винфрид Кречман. Директорката за продажба Брита Зегер, свечено го предаде возилото во покраинското министерство во Штутгарт. Преку службената лимузина со електричен погон за премиерот Кречман, меѓу другото се прикажува колку самата покраина и „нејзиниот“ Mercedes се моќни во ерата на електромобилноста и во ерата кога се стреми кон максимална заштита на животната средина.

EQS се произведува во фабриката на Mercedes-Benz во Зинделфинген, неутрално во поглед на емисијата на СО2. Досегот изнесува до 784 километри, а моќноста достигнува 385 kW. При користење брз полнач, батеријата се полни со енергија за 300 километри за само 15 минути. Луксузната лимузина од рангот на S-Class се продава во Европа од минатото лето.

„Моето ново службено возило претставува одличен пример за одржлива мобилност, ‘made in Baden-Württemberg’. Како прва целосно електрична лимузина од марката Mercedes-Benz, таа поставува мерила во поглед на ефикасноста и заштитата на климата. Понатаму, целата покраинска управа ќе напредува во правец на мобилноста со ниска емисија“, коментираше премиерот Кречман. Богатата покраина располага со една од најгустите мрежи од полначи во државата.

Германија мора од светски првак во поставување цели, да стане светски првак во исполнување цели, за трансформацијата во автомобилската индустрија да успее.

Винфрид Кречман, премиер на Баден Виртемберг

Директорката Зегер објасни дека електромобилноста е спрега од повеќе чинители. „До крајот на декадата, Mercedes-Benz ќе биде подготвен за целосна електрификација.“ За таа цел да се постигне, потребна е заедничка работа на стопанството и политиката, особено брзата изградба на широка мрежаод полначи и обезбедувањето зелена струја.

>>> Mercedes EQS вози на батерија исто колку дизел S-Class

Целата моделска понуда на Mercedes-Benz на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваVolkswagen сака акциите на Porsche да ги понуди на берза
Следна објаваСалоните на Toyota ширум Европа со нова шема

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here