Од екс-фабриката на Smart излегува теренец што личи на Land Rover

Според првичните планови на Daimler, новата генерација на Smart требаше да се произведува исклучиво во Кина, заедно со партнерот Geely. Плановите се сменија пред две години. Во Хамбах, во близина на границата со Германија, ќе продолжи производството на Smart Fortwo EQ. Но, во фабриката ќе се произведува уште еден модел: Прекален теренец со име Grenadier.

Во јули, од фабриката на Daimler во француското гратче Хамбах, во близина на границата со Германија, покрај електричниот двосед Smart EQ ќе се произведува и вистински теренец. Тоа е моделот Grenadier од марката Ineos Automotive. Станува збор за автомобилска марка што е произлезена од британскиот хемиски концерн Ineos. Британците стекнаа целосна сопственост над smart France S.A.S. и отворија седиште во Штутгарт, на 200 километри оддалеленост од Хамбах. При преземањето, фабриката вработуваше околу 1.300 лица.

Ситуацијата се смени драстично од 2018 година. Според првичните планови, во Хамбах требаше да се произведува компактен автомобил со електричен погон, од семејството EQ на Mercedes, односно елеткрична A-Class. Во фабриката се вложуваше масивно, за изградба на новите хали за изработка на каросеријата и за лакирање на возилата беа планирани 500 милиони евра.

https://photos.app.goo.gl/AzxqsQDFmgg1mwpw7

Но, тогаш удри корона-кризата. Тоа се случи во време додека концернот Daimler вложуваше многу во дигитализација и електрификација. Фабриките мируваа, продажните салони беа затворени, пазарот замре. Менаџментот во Штутгарт тогаш реши да ја продаде фабриката за smart во Франција.

https://photos.app.goo.gl/bMZHaVPq4iQxenNZA

Во меѓувреме, европскиот пазар повторно се разбуди за Smart Fortwo EQ, што ги наведе менаџерите да направат неколку промени во договорот со Ineos. Тоа значи: Ineos ќе го произведува Smart под работен налог на Daimler. Заедно со електричното мини, во Хамбах ќе се произведува теренецот Ineos Grenadier, којшто практично е усовршена варијанта на стариот Land Rover Defender. Сето тоа се одвива како проект по жечба на шефот на Ineos, Џим Ретклиф.

Започнато е претсериското производство на Grenadier

Ineos вложи 50 милиони евра во фабриката и во меѓувреме го стартуваше претсериското производство на 130 примероци од Grenadier. Тоа е подготовка за сериското производство, што се планира да започне во јули. Каросериите се произведуваат целосно автоматски, лакирањето е полуавтоматизирано. Британците моментно создаваат продажно сервисна мрежа којашто ќе се состои од 100 локации ширум светот. Производителот тврди дека има добиено 15.000 нарачки за Grenadier.

https://photos.app.goo.gl/A4D3fZuDsDJ82tu26

Целиот овој потфат доби среќна завршница. Ратклиф првично имаше план да ги изработува каросериите за Grenadier во Португалија, за монтажата потоа да се врши во Велс. Вонредната ситуација што ја предизвика пандемијата, направи фабриката во Хамбах да добие среќна завршница.

https://photos.app.goo.gl/F9JcsGSP9dS9gczT7

>>> Во фабриката на Smart ќе се произведува ретро Land Rover

Претходна објаваОвој човек извозе 100.000 километри во малечко електрично Twizy
Следна објаваНорвешка Пошта нарача 29 електрични камиони Volvo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here