Овој човек извозе 100.000 километри во малечко електрично Twizy

Магазинот Auto Bild секогаш ги има одговорите на најинтересните прашања. Што се случува со електричните автомобили по 100.000 километри и што имаат да кажат нивните сопственици околу својот автомобил? Уште е поинтересно ако станува збор за четирицикл Renault Twizy, што минува 70 километри со полна батерија.

Германскиот магазин Auto Bild објави напис за извесен Кристијан Штафлер, кој има поминато 100.000 километри со електричен четирицикл Renault Twizy. Секако дека станува збор за редок пример, за толкава километража да се мине со автомобил што првенствено е замислен за градски тури и за служби за достава. Германецот го користи Twizy секојдевно, без забелешки за досегот до 70 километри со едно полнење. Штафлер повеќе негодува за тоа што германските производители немаат вистинска алтернатива за францускиот квадрицикл.

Тоа што најмногу го импресионира сопственикот е седењето (двете седишта се едно зад друго) и чувството како да се вози го-карт. Одржувањето и поправките се едноставни и за тоа е доволен обичен алат. Вториот автомобил на Кристијан е Mercedes CLK Cabrio, но тој не му недостига многу. Сопругата исто така вози Twizy, во товарна изведба, со едно седиште и повеќе простор за товар.

На својот профил на јутјуб, под името „TwizyChrisy“, Германецот редовно објавува видеа поврзани со Twizy и со домашните занаетчиски работи. Сите поправки што биле потребни во изминатите 100.000 километри и начинот на којшто биле изведени истите, објавени се во 14-минутното видео. Преводот може да биде од голема помош за да се разбере што сé (не) се има случувано со возилото:

Главната забелешка е следната: „Бидејќи можам да поправам сам, трошоците се ниски. Кристијан сам вградил радио со блутут поддршка, повеќепати ги заменувал сопирачките облоги, го поправил скршеното крило, па дури го поправал и проветрувањето на батеријата. Голем зафат било и вградувањето седиште од Smart, за коешто нормално е направен и атест во TUV. Сосем трет Twizy во возниот парк на Германецот е преработен во кабриолет.

Маратонскиот Renault Twizy е купен во 2012 година, првично со замисла да се користи како превоз во слободното време. Но, набрзо се покажало дека малечкиот четирицикл на струја сосем одговара за секојдневен превоз. Како четирицикл, Twizy во ЕУ смее да се управува веќе на возраст од 16 години. Крајната брзина изнесува 90 km/h, а максималната моќност на електромоторот изнесува 8,5 kW. Полнењето се врши преку обичен шуко-приклучок.

Батеријата има капацитет од 6,1 киловатчасови. Штафлер постигнува потрошувачка меѓу 8 и 11 kWh, зависно од временските услови и од притискањето. Сопственикот претпсотавува дека дозилото досега било приклучувано за полнење повеќе од 2.000 пати. Енергијата за полнење доаѓа од сопствениот фотоволтаички панел на Германецот.

Штафлер во возниот парк има вкупно осум примероци од Renault Twizy, од кои 5 се регистрирани. Следниот проект е вградување батерија од 10 kWh, со којшто досегот ќе се продолжи на 100 километри.

Пред три месеци, уште еден елеткричен автомобил пристигна во гаражата на Штафлер, Dacia Spring.

Претходна објаваMercedes-Benz Citan во кампер-изведба: Кога автомобилот ти е цел свет
Следна објаваОд екс-фабриката на Smart излегува теренец што личи на Land Rover

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here