Во САД сé е еден број поголемо, веројатно и два. Кога Toyota за својот петметарски Highlander вели дека тоа е СУВ од средна класа, како тогаш изгледа СУВ од висока класа? Тој изгледа исто како новата Sequioa. Со хибриден погон, секако.
За некои модели нема потреба да им се објаснува името. Toyota Sequoia е именувана според видот дрва што расте покрај брегот на Тихи Океан. Тоа се нависоки, но и најмоќни и најдолговечни дрва во светот. Постојат стебла што се стари близу 2.000 години. Нормално дека Toyota имала веродостојна инспорација за својот фулсајз-СУВ, кога го именувала според овие два, Sequioa.
Големиот СУВ со три реда седишта како стандард доаѓа во комплетно нова генерација. Јапонскиот производител што во своите фабрики во САД во меѓувреме произведува повеќе од General Motors, за својата Sequoia ветува луксузен комфор, импресивна технологија и перформанси што одземаат здив. Нормално, погонот е хибриден, „тојотен“. Испораките во САД ќе започнат во лето.
Третата генерација на моделот користи хибриден погон со твинтурбо V6 од фамилијата i-FORCE MAX. Овој погон претходно е познат од Tundra и располага со 437 КС, односно вртежен момент од 790 њутнметри. Електромоторот е вграден во ѕвоното на 10-степениот автоматски менувач. Тоа носи предности и во перформансите и во штедливоста.
https://photos.app.goo.gl/T8JmNhVWrzkTaRAz6
Sequoia се нуди со погон напред или со погон на сите тркала со карданско вратило, со теренска редукција. Постои и изведба TRD Pro, кај којашто повеќе е нагласен карактерот на теренско возило. Оваа грамада од автомобил се потпира на носечка рамка, којашто е заедничка со новата Tundra, односно со новата генерација на супертеренецот Land Cruiser. Понатаму, техниката ја користи и Lexus LX. Тоа значи дека е вложено многу во развојот и планирањето на оваа платформа.
Цврста носечка рамка во комбинација со ласерско заварување на каросеријата заради намалена тежина, плус мултилинк задна оска, плус активна пневматска амортизација
Назад работи напредна мултилинк оска, со цел да се постигне врвен комфор, заедно со динамични возни својства. За задната оска може да се доплати за пневматска суспензија, што ја нагодува висината на опашот зависно од натовареноста. Адаптивното подвозје AVS, познато од Lexus, исто така е достапно во големиот американски СУВ.
https://photos.app.goo.gl/GUuQqZUKBV1UDMgx5
Во поглед на луксузот, Toyota Sequioa има граници исто колку што има граници фантазијата. Место клупа во средниот ред може да се нарачаат комотни фотелји, додека задната клупа може да лизга околу 15 сантиметри во должина. Тоа првпат се нуди во сегментот.
Лани во Западна Европа биле продадени 6.305 примероци од СУВ-крстосувачот Highlander и 8.404 примероци од лимузината Camry
Дозволената тежина на приколка е зголемена за 22 проценти и сега изнесува 9.000 фунти, што е близу 4,1 тони. Сите камери што се вградени во Toyota Sequoia ја пренесуваат сликата до средишниот дисплеј од 14 инчи. Инструментите се дигитални уште во старт. Во највисоките нивоа на опрема се вградува и прочуениот дигитален средишен ретровизор, што го познаваме од Highlander. Петте нивоа на опрема што се нудат во САД гласат: SR5, Limited, Platinum, TRD Pro и новото ниво Capstone. За стилскиот печат во секое ниво одделно е одговорно Calty, студио за дизајн на Toyota во Њупорт Бич, Калифорнија.
https://photos.app.goo.gl/cxCP1HNbrhg58cQG7
Во Toyota Sequoia првпат се вградува нов инфо-забавен систем, што е придружен од дисплеј од 8 или 14 инчи. Системот е развиен од одделението на Toyota што е задолжено за конективност и се наоѓа во Тексас. Во основа, со системот се управува преку фамозната говорна команда „Hey Toyota“.
https://photos.app.goo.gl/mmigN7k4df1rk6i18
Новина претставува и склопот од системи за асистенција, што сега е на половина скалило до третиот стадиум и се води како Toyota Safety Sense 2.5. Овие системи, заедно со инфо-забавниот систем, веројатно ќе ги видиме наскоро и во моделите на Toyota во Европа.
Целата моделска понуда на Toyota на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/
Во гаранциите, Toyota секаде е Toyota. Возачките и возачите во САД добиваат за својата нова Sequioa три години и 36.000 милји основна гаранција на возило, дополнителни 60 месеци гаранција на погонот за уште 60.000 милји и корозија без ограничувања на километражата. Контролниот модул на батеријата, на погонот, инвертерот, конвертерот, сите имаат 8 години или 100.000 милји гаранција. Батеријата е покриена со гаранција за 10 години или 150.000 милји. Екстра на тоа следат и две години или 25.000 милји помош на пат 24 часа во денот.
https://photos.app.goo.gl/zwHVccCTLSeThhtD8
>>> Тест: Toyota Highlander 2.5 Hybrid Luxury Premium

>>> Тест на Toyota Camry: Дали хибридот штеди и на отворено?

https://youtu.be/nYyf-gZT0Kg
















