за

Десетте генерации на „тристотката“ на Peugeot

Тоа е една од најдолготрајните моделски серии во историјата на Peugeot, којашто од почетокот на годинава продолжува со новата генерација на 308.

Моделите во серијата 300, што светот ја познава веќе 90 години, исто толку се препознатливи и единствени, колку што е начинот на означување на моделските серии на марката Peugeot. Французите моментно имаат едно од највпечатливите присуства на автомобилската сцена, по триумфите на 208 и 2008. Новиот Peugeot 308 наидува на одличен прием меѓу публиката. Тоа, секако дека во голема мера се должи на убавите сеќавања и пријатни искуства што светот ги има од претходничките во серијата 300.

Ако ознаката е трицифрена и почнува со 3, потоа следи 0 во средина, a завршува со која било бројка меѓу 1 и 9, тогаш не може да станува збор за друг автомобил, освен за Peugeot. Од реакциите што публиката ги покажа за нашата тура од пред неколку денови, кога со новиот Peugeot 308 извозевме тура долга 500 километри во форма на бројот 8 (издвоените приказни од целото патешествие се достапни на нашиот профил на инстаграм https://www.instagram.com/stories/highlights/17926625099090697/), уште сега може да се насети дека овој модел мазно ќе се надоврзе на времињата на Peugeot 306 и 307. Серијата 300, сепак почнува многу пред тоа, пред 90 години.

Првиот модел во серијата, нормално со ознака Peugeot 301, бил претставен во 1932 година. Оттогаш се минати десет генерации, до новиот 308. Во целата низа, единствено е „прескокнат“ 303. Во музејот на француската марка постои верна макета на прототипот што првично било замислено да ја продолжи низата и да се продава како 303, но менаџментот тогаш решил да го „подигне“ моделот за една серија погоре – 303 отсуствува во низата, затоа што од проектот произлезе Peugeot 404, една од најголемите моделски легенди во автомобилската историја.

New item by Automedia MK / Google Photos

Затоа, пак, постои Peugeot 309, единствениот модел на француската марка со деветка на крајот на ознаката. Тој се појави во времето меѓу моделите 305 и 306, и во основата е модел на Chrysler Europe, односно е наследник на Simca Horizon – марката со лавот го презеде Chrysler Europe кон крајот на 1970-те години, заедно со сите марки што припаѓаа во европскиот огранок на американскиот производител. Во договорот за преземање, Peugeot се обврза наследникот на Simca Horizon да го преименува во модел од друга марка. Французите во меѓувреме ги купија правата на Talbot, па проектот се развиваше под таа марка, за на крајот да произлезе Peugeot 309. Целата историја околу „деветката“ можете да ја прочитате во нашата објава на следниот линк.

Серијата 300 на Peugeot двапати е одликувана со наслов на европски автомобил на годината, а со 306 се поврзуваат и важни поглавја во рели-спортот.

Сите генерации модели во серијата 300 се произведуваа во Сошо, Франција, со исклучок на 309, којшто се произведуваше во Поаси. Новиот Peugeot 308 се прозведува во Мулуз, но пак со гордост го носи триколорот за „made in France“.

Со првиот модел во серијата, во почетокот на кризните 1930-ти, Peugeot одговори на побарувачката на пазарот со лансирањето на Peugeot 301. Моделот се произведуваше од 1932 до 1936 година и беше достапен како лимузина, купе, кабриолет и родстер. Моторот од 1,5 литар произведуваше 35 КС. Од овој модел се произведени 70.500 примероци.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 301 Eclipse

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 301 Coupe

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 302 ја продолжи низата и до 1938 година се произведе во 25.100 примероци. Во тие времиња се експериментираше масовно со аеродинамичноста. Формата на каросеријата на 302 е одличен доказ за инженерскиот дух во тоа време. Светлата беа вградени зад маската, со цел да се постигне мазен преден дел. Прв со овој стил се појави Peugeot 402, кој постигна одличен успех. Брзината од 100 km/h беше сензација. 

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 302 Cabriolet

New item by Automedia MK / Google Photos

Серијата 300 паузираше три децении, до појавувањето на Peugeot 304, што својата светска премиера ја имаше на салонот во Париз во 1969 година. Со препознатливиот дизајн, тој уште го привлекува вниманието на ентузијастите. Моделот се произведуваше во лимузинска, купе, кабриолет, комби и доставна изведба. Peugeot 304 го користеше како основа Peugeot 204, кој беше „надграден“ во модел од средна класа.

Peugeot 304 Cabriolet

New item by Automedia MK / Google Photos

Најочигледната разлика е во предната маска, којашто е вертикална кај Peugeot 304. Постои разлика и во должината, со 4,14 метри, „тројката“ е за 15 сантиметри подолга од 204. Трапезните светла се во стилот на големиот Peugeot 504. Моделот се одликуваше со одлична просторна понуда, како еден од клучните критериуми за избор на автомобил.

Меѓу 1969 и 1979 година се произведоа близу 1.200.000 примероци. Во периодот меѓу 1970 и 1972 година, Peugeot 304 се продаваше и во САД. Францускиот автомобил сепак им беше недоволно голем на Американците. Се продадоа само 4.000 примероци. Рестилизација беше извршена во 1973 година. Купето и кабриолетот се произведуваа до 1975 година.

Peugeot 305 GTX

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 305 стартуваше во 1977 година, како наследник на Peugeot 304. Покрај лимузинска, моделот беше достапен и во комби изведба. Задната клупа можеше да се собори на половина. Дизајнирано од Pininfarina, комбито се нудеше и во доставна изведба. Моделот се издвојуваше од конкуренцијата со предниот погон, со попречно вградениот мотор и независното водење на сите тркала. Peugeot 305 одушевуваше со возните својства и имаше силно влијание на пазарот. Моделот се продаде во преку 1,6 милион примероци.

Лимузината послужи како основа за експерименталната серија Vera, со којашто се истражуваа нови можности за намалување на потрошувачката на идните модели. Првиот прототип Vera 01 се појави во 1981 година, беше полесен за 20% и имаше отпор на воздух намален за 30 проценти. Серијата траеше пет години, а искуствата стекнати низ истражувањата беа применети во Peugeot 205, 405 и 605.

Со стартот на 309 во 1985 година, почна да се смалува продажбата на 305. Неговата кариера заврши во 1989 година, а наследник беше токму Peugeot 405, кој ја презеде улогата две години пред тоа, во 1987 година.

Peugeot 306 Cabriolet

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 306 доживеа премиера во 1993 година, како наследник на врвните моделски изведби во серијата 205 и на Peugeot 309. Тој беше еден од бестселерите во класата, произведуван во дури 9 фабрики ширум светот, до 2002 година. Прво беа претставени изведбите со 3 и со 5 врати, потоа следеше лимузината и легендарниот кабриолет во 1994 година. Дизајниран и произведуван во Pininfarina, кабриолетот во гамата на 306 беше прогласен за најубав кабриолет на салонот во Женева во 1994 година. Потоа следеше и титула на кабриолет на 1998 година.

Исклучителните возни својства на новиот Peugeot 308 имаат традиција. Посебно спортските модели 306 XSI и 306 S16 ја ставаа во преден план возната динамика, со еластокинематската задна оска. Верзијата Maxi со 285 КС го означи враќањето на Peugeot во рели-спортот во 1996 година, по долги десет години отсуство.

Maxi го освои француското првенство во рели, со Жил Паници, во 1996 и 1997 година. Следеа неколку победи на трките во светското првенство во рели што се возеа на асфалтна подлога, што ги вознемири тимовите што учествуваа со многу посилните рели-болиди во првенството. Победите во Корзика во 1997 и 1998 година уште се гледаат на јутјуб.

Peugeot 307

New item by Automedia MK / Google Photos

При моделското освежување во 1997 година беше воведена и комби изведба. Производството на моделите со 3 и 5 врати запре во 2001 година, кога презеде новиот Peugeot 307. Обожуваниот кабриолет остана во производство дури до 2003 година.

Крунисан со наслов на европски автомобил на 2002 година, Peugeot 307 постигна фантастичен успех, со повеќе од 3,5 произведени примероци во фабриките ширум светот. Посебно освојуваше просторноста во кабината, нагласена дополнително со огромниот ветробран. Во летото 2003 следеше уште една сензација, купе-кабриолет CC со метален преклоплив покрив. Концептот беше преземен од Peugeot 206 CC. Врз основа на купе-кабриолетот беше изработена натпреварувачка верзија што учествуваше во светското рели во 2004 и 2005 година, победувајќи на три релија, со 26 пласмани на подиумот.

Peugeot 308 RCZ

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 308 II

New item by Automedia MK / Google Photos

Првата генерација на Peugeot 308 беше претставена во 2007 година, следната моделска смена се случи во 2013 година, а уште рано во јануари, Peugeot 308 од третата генерација ја имаше својата премиера во салонот на Еуроимпекс во Скопје.

Првата генерација на PEUGEOT 308 го наследи PEUGEOT 307 во 2007 година, која беше заменета со втора генерација во 2013 година, потоа трета, сегашната 308 лансирана во 2021 година.

PEUGEOT 308 I дојде во верзии со 3 врати, 5 врати и SW, поддржан од новата генерација на моделот Coupé Cabriolet CC. Верзијата 308 RCZ Coupé беше претставена на саемот во Франкфурт во 2007 година, а производството беше брзо потврдено, со што се појави PEUGEOT RCZ, привлечно купе 2+2 произведено во 68.000 единици помеѓу 2010 и 2015 година, чија крајна верзија нудеше 270 bhp и забрзување од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди.

PEUGEOT 308 II беше лансиран во 2013 година. Како и 307 12 години претходно, тој беше прогласен за автомобил на годината во 2014 година. Неговиот стил и впечатливи и елегантни линии се иновативни, заедно со неговата робустност и уживање во возењето кои се едногласно признати, како и намалената големина и тежина (должина од 4,27 m и основна верзија од 1.200 kg). Патничкиот простор е исто така нов со неговиот PEUGEOT i-Cockpit, кој може да се пронајде кај PEUGEOT 208, и кој ги поставува стандардите: компактниот управувач, кој ја намалува опсегот на движењата, обезбедува неспоредливи чувства при возењето, а истовремено го олеснува возењето во град. Верзијата GTi дополнително ги подобрува возачките квалитети и динамиката на овој 308, кој го носи PEUGEOT во нова ера на успех.

Беа продадени 7 милиони PEUGEOT 308 во текот на првите две генерации, пред да дебитира новиот PEUGEOT 308 III. Произведен во фабриката во Mulhouse, го носи новото лого на PEUGEOT, кое беше претставено кога новиот идентитет на брендот беше претставен во февруари 2021 година.

Новиот модел е кандидат за титулата на европски автомобил на 2022 година. Исходот ќе биде познат кон крајот на месецов. Наскоро следи објава со впечатоците од тест-возењето на Peugeot 308 BlueHDi 130 AT8 GT на вашата Аутомедиа.

Сцена од „Лавовската Осумка“, турата долга 500 километри низ Македонија, во форма на бројот 8, што ја извозивме во чест на пристигањето на Peugeot 308 III

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Sequoia е вистински фулсајз-СУВ според американски мерила

Прв нов алфа-модел по 2016 година: Alfa Romeo Tonale