Како реагираат патниците во автомобилите што управуваат сами

https://youtu.be/Pa6uCew5TWs

Автомобилите што самостојно се движат низ сообраќајот многумина ги сметаат како далечна иднина. Но, техниката веќе е способна за тоа, доколку се работи за ограничен простор. Тоа што спречува автономните возила да се користат помасовно се законските одредби, односно недостигаат закони што ќе ги регулираат одговорностите и правата во тоа подрачје.

Пред повеќе од две години, Cruise, фирма ќерка на General Motors, доби одобрение во Калифорнија да врши тестирања со роботски автомобили без присуство на возач зад воланот, којшто би ја презел контролата над возилото доколку техниката погреши. Станува збор за технологија за автономно возење од највисок степен, односно за Level 5.

По двегодишно обемно тестирање, технологија совлада уште едно скалило. По многубројните километри што ги минаа автомобилите врз база на електричниот Chevrolet Bolt, сега првпат се превезуваат патници во возила што целосно се управувани со помош на вештачка интелигенција.

Кајл Вогт, соосновач и технички директор во Cruise, објави на својот профил на твитер видео со реакциите на патниците.

Компаниите што вршат превоз на патници, од рангот на Uber & Co, со нетрпение ја исчекуваат ерата на автомобилите што управуваат сами. Автомобилите на коишто не им е потребен возач можат да се користат непрестајно. Паузите се неопходни единствено за полнење на батеријата на електричните автомобили. Доколку се користат моќни полначи со еднонасочна струја, полнењето обично трае помалку од половина час. Инвестицијата во автомобилите со технологија за автономно возење ќе им се исплати на компаниите за превоз на патници за кусо време, затоа што отпаѓа ставката за плати за вработените.

>>> Трамбуси во Скопје, роботизирани минибуси во Карлсруе

Претходна објаваПет метри теренец од Кина: Каде што има ix5, мора да има и ix7
Следна објаваToyota Sequoia е вистински фулсајз-СУВ според американски мерила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here