за

Пет метри теренец од Кина: Каде што има ix5, мора да има и ix7

Досегашните тестови на моделите на DFSK ни го донесоа вредното искуство: Техниката и возните својства се далеку од лоши, а тоа што остава главен впечаток е изобилството од простор, многу простор. И опрема. DFSK Glory ix7 е врв во тој поглед.

Моделот од заедничката марка на Dongfeng и Sokon што најчесто го среќаваме по патиштата е DFSK Glory 580. Тоа е сосем пристоен СУВ, што со просторноста и комоцијата спаѓа во класата на Tiguan & Co. Кинезите понудија повеќе стил и на тоа додадоа екстра доза благородност со купе-СУВ моделот ix5. Но, може ли од оваа марка да се добие уште повеќе, и во простор, и во моќност, и во технологија. DFSK на такви барања одговара со ix7.

За кинеските возила, ќе ги прескокнеме предрасудите. За техниката, сцената досега се нема пожалено во помасовен обем, дека нешто запнува во поглед на издржливоста. Што се однесува до противвредноста, за парите се добива многу кај автомобилските марки од Кина. Кој е поучен да не ризикува со користен премиум СУВ од германска марка и не сака милионската километража да му биде соопштена во сервис, во форма на 10.000 евра за замена на расипан автоматски менувач, а нов СУВ од народска марка му е уште скап, тогаш е на добра адреса кај DFSK.

Кога на тест-возење пред две години ни пристигна DFSK Glory 580, тоа беше пријатно изненадување. Наспроти поширокото верување, дека кинеските возила се неквалитетни, застарени, небезбедни и чувствителни на дефекти, седумседот го докажа точно спротивното. Кинеските производители, впрочем, никогаш не понудиле на европскиот пазар малечок, евтин, недоработен или грд модел. Тоа секогаш биле големи, моќни, опремени автомобили, убави и за европското око.

DFSK Glory 580
DFSK Glory 580

Противвредноста на Glory 580 за цената од околу 15.000 евра за основниот модел, секако дека не може да се утврди реално, ако големиот СУВ се споредува со Clio или Fiesta. Македонските возачки и возачи ја препознаваат противвредноста на компактниот СУВ со лого што прикажува два папагали во игра. По Glory 580 следеше и купе-СУВ моделот ix5, а кинеските производители во меѓувреме нé научија и дека добро владеат со електричниот погон – во Македонија веќе извесно време се продава Seres 3, компактен СУВ, со којшто ја извозевме историската рута по целото течение на реката Треска, од извориштето во кичевско, преку Јасен, до Скопје.

Можеби некој ќе посака да ја искористи противвредноста на моделите на DFSK и за поголем влог да добие уште повеќе, од секое гледиште, било да станува збор за моќноста или за опремата. Нема да пречи и уште малку техничка и технолошка софистицираност. Секако дека постои тој круг купувачи, што буквално сака да вложи во својот автомобил. Во таков случај, DSFK, заедничка марка на гигантот Dongfeng и на Sokon, го има во понуда Glory ix7, како свој топ-модел, токму знаменосец.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

 

New item by Automedia MK / Google Photos

Станува збор за силуета што е многу слична со онаа на Glory 580. Во живо, сепак се препознава масивноста на ix7. Тоа е СУВ со седум седишта и должина од 4,93 метри, ширина од 1,94 метар и висина од 1,77 метар. Меѓуоскиното растојание од 2,81 метар е веќе на ниво на средна класа. Багажникот стандардно располага со 450 литри, односно 1.893 литри со соборена клупа (375 литри кај Glory 580).

Наспроти 1,5-литарскиот турбо бензинец, што во „580“ испорачува 150 или 180 КС, тука работи дволитарски турбо бензинец со директно впрскување и моќност од 231 КС. Импресивен е максималниот вртежен момент од 355 њутнметри при 1.800 вртежи. Во целата гама на Glory ix7 се вградува 6-степен класичен автоматик, како стандард.

Клучна разлика има во подвозјето. Додека Glory 580 и Glory ix5 имаат полукрута задна оска, во големиот СУВ работи мултилинк задна оска. Тоа е согласно повисоките перформанси, но и согласно улогата на Glory ix7 како знаменосец на марката. Но, има уште една клучна разлика. Во соработка со прочуениот специјалист Borg Warner е изведен погон на сите тркала, со повеќеламелна централна спојка. Тоа е ексклузива на „седумката“ на DFSK. Основниот модел доаѓа со тркала од 18 инчи и гуми 245/60, додека во топ-изведбите се вградуваат тркала од 20 инчи, со гуми 245/50.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Во арсеналот од системи за асистенција нема разлики со моделите на европските производители. Во врвното ниво на опрема стандардно се вградуваат системи за самостојно запирање при опасност од судир, препознавање пешак или велосипедист на пат, систем за следење лента, камера за знаци, предупредување при замор и при возило во мртов агол. Истото важи и за радарски темпомат, запирање кога при излегување наназад наидува возило попречно, може да се избира и меѓу неколку режими за возење.

Луксузот е познат поим во врвното ниво: Кожени седишта (вистинска напа телешка кожа), електрика и меморија за седиштата, панорамски покрив, електромотор за ракување со задниот поклопец, далечинско стартување на моторот. Проекциски дисплеј, односно head-up дисплеј е стандард во повеќето нивоа. Средишниот дисплеј има раскошен формат, со пречник од 12,3 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Понатаму, сé би било само набројување на изобилството од опрема и технологија што се вградува во најголемиот DFSK. Решавачкиот момент. Цената на најскапата и најопремена изведба, со погон на сите тркала, кожен ентериер, панорамски покрив, сите можни камери и радари, во Кина изнесува 215.900 кинески јуани, што дава околу 29.650 евра. Основната изведба, со преден погон, но сé уште со 2,0-литарец со 231 КС и 6-степен автоматик, чини 125.900 јуани или 17.300 евра. Зарем тоа не е сензација!

Според најавите од увозникот ABC Brother, напролет следи уште еден модел во понудата на DFSK на македонскиот пазар. Тоа ќе биде Glory 500, бензинска изведба на Seres 3, со цена споредлива со Glory 580. За големиот Glory ix7, секако дека ние нема да бидеме единствени што ќе му се израдуваме на моделот.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Проект на Škoda: Го даваат автомобилот под наем и заработуваат од тоа

Како реагираат патниците во автомобилите што управуваат сами