Volkswagen почна тестови со возила што управуваат сами

Замислете го сценариово: Volkswagen Bus се приближува кон вас тивко зуејќи. Каросеријата е ишарана со црно-бела графика што ги прикрива вистиските форми. На покривот се забележува необичен уред. Возилото подзабавува и запира кусо пред Вас. Тогаш забележувате дека никој не го управува возилото.

Сценариото што изгледа како да потекнува од филм од научната фантастика, вистински се одвиваше во слична форма, кога еден од петте самовозечки прототипи на ID. Buzz AD имаше премиера пред јавноста за време на салонот за мобилност ИАА во Минхен. Буквите AD се однесуваат на Autonomous Driving, односно автономно возење. Како основа за возилото служи техниката на Volkswagen Bus со чисто електричен погон. Во 2025 година, сериската изведба на ID. Buzz AD ќе најде своја примена во сопствената компанија на VW што нуди услуги за превоз Moia.

Баварската престолнина Минхен е првиот регион во Германија во којшто се тестираат прототипите. Партнерот Argo AI (Artificial Intelligence, вештачка интелигенција) моментно ја тестира вградената техника што го овозможува самото автономно возење. Системот се нарекува едноставно SDS и тоа е кратенка од Self-Driving-System. Секако дека сите законски одобренија што се потребни за тестирањата се обезбедени.

Кристијан Зенгер, директорот за автономно возење во Volkswagen Nutzfahrzeuge: „Препознавање на околината со 14 камери, 6 лидарски и 11 радарски сензори, што се распоредени по целото возило, гледа многу повеќе од хуман возач од своето седиште.“

Прецизните податоци за интелигентниот софтвер ги обезбедува комбинација од лаерски, радарски и камера системи. Тие создаваат мошне веродостојна слика за сообраќајот во градовите, во коишто самовозечкиот ID.BUZZ AD за многу скоро време ќе започне да ги превезува своите гости до одредиштето. Посебно се забележува лидарот што се наоѓа на покривот. За разлика од рададските системи, тој користи светлосни браноци и ги открива објектите на оддалеченост до 400 метри. Патенираниот гајгеров модус може да детектира дури и најситни честички – значи фотони – што гарантира дека и објектите со слаба рефлективност не може да се пропуштат. 

Огранокот за доставни возила на Volkswagen користи лидарска техника од Argo AI, со којашто се откриваат предмети до оддалеченост од 400 метри

Паралелно со тестирањето во Минхен, партнерите Argo AI и Volkswagen вршат тестирање на техниката во Америка, на посебна тест патека. Функцијата на тест патека во Минхен ја врши дел од аеродромот во Минхен со површина од девет хектари. 

Volkswagen Nutzfahrzeuge (огранок за доставни возила), Argo AI и MOIA, го развиваат системот со цел да понудат „безвозачки“ превоз, што ќе ги собира патниците од местото што тие ќе го посочат и ќе ги превезе безбедно до одредиштето. На тој начин треба да се растовари сообраќајниот метеж во градовите.

Претходна објаваKia Seed SW станува просторен специјалист за 800 € екстра
Следна објаваHonda HR-V ќе може да се стокми по мера

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here