Кинески DFM извезе рекордни 100.000 возила за девет месеци

Корпорацијата Dongfeng Motor, чијшто модели се продаваат и на македонскиот пазар, во првите девет месеци од годинава извезла вкупно 101.708 возила. Тоа е за 152% над истиот период лани и нормално дека е рекорд за кинескиот гигант што допрва расте.

Сопствените автомобилски марки на Dongfeng и сите марки во коишто учествува корпорацијата, вклучувајќи ги и кај нас познатите DFSK Glory и Seres, постигнаа историски успех во еден од најпредизвикувачките периоди за браншата. Од јануари до крајот на септември, вкупно се испорачани 45.000 возила во Јужна Америка, Југоисточна Азија и Северна Африка.

Продажбата во трите големи региони забележила раст од 130 проценти, со најголем напредок на клучните пазари во раст за коишто се борат автомобилските концерни, меѓу кои Чиле, Перу, Виетнам и Мароко. Цел на Dongfeng во „четиринаесеттиот петгодишен план“ е прво да се создадат цврсти темели на овие и други пазари со капацитет за продажба од најмалку 10.000 возила годишно.

Марки и модели што се непознати во нашиот регион, постигнуваат забележлив успех, на пример Forthing T5 Evo наиде на одличен прием на пазарот во Саудиска Арабија. На Филипините биле испорачани 262 камиони од Chenglong за поддршка на борбата против Ковид. Специјализираниот огранок за камиони DFLZ, по отворањето на пазарите во Јужна Америка и Југоисточна Азија продал рекорнди 10.035 возила во регионот, постигнувајќи раст од 306 проценти.

Марката DFSK ни е позната одлично, по Dongfeng Glory 580 и Seres 3 (двата модели беа на тестирање во Аутомедиа). Во земјите во Северна Африка во првите девет месеци од 2021 година е продадени 26.572 возила или за 125% повеќе од истиот период лани. Во пазарниот извештај се пријавува и голем раст на ограноците на Dongfeng што нам во Европа ни се апсолутно непознати, како DFAC или DFMIEC, но истите укажуваат на вистинската големина на корпорацијата.

Големи бројки доаѓаат од заедничките компании во коишто учествува DFM. Тоа се главно фабрики на големите странски производители на автомобили, коишто според бизнис-правилата на Кина, за да може да се изградат на територија на земјата, мора да се склучи соработка со домашна компанија.

Импресивен е списокот на овие т.н. JV-Brands (Joint Venture Brands), во продолжение набројуваме само неколку:

  • Dongfeng Motor Co., Ltd. (50% учество на Dongfeng Motor)
  • Zhengzhou Nissan Automobile (79,65%)
  • Dongfeng Automobile Co., Ltd. – Nissan (60,1%)
  • Dongfeng Honda Automobile (50%)
  • Dongfeng Peugeot-Citroën Automobile (50%)
  • Dongfeng Renault Automobile (50%)

Од овие марки се извезени вкупно 56.700 возила и CKD-китови (испорака на комплети што се готови и треба да се изврши само завршна монтажа) до септември. Dongfeng Yueda Kia извезла 21.969 возила ио 28.977 мотори во 48 држави и региони, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Чиле и Филипините, но и Фици, Брегот на слоновата коска и Боцвана.

На секои три минути се симнува по едно електрични возило од Шијан, главно Dacia Spring

Тоа што е посебна гордост на кинескиот индустриски конгломерат се електричните возила. На секои три минути, од производствената лента во eGT New Energy Automotive Co., Ltd. (eGT-NEV) во економската и технолошка развојна зона Шијан се симнува по едно електрично возило. Главно се произведуваат два модели, Dacia Spring Step One и Step Two, што оттаму се испорачуваат за Европа.

Од вкупно 184 извезени електрични автомобили лани, во првата половина од годината се извезени повеќе од 10.000 електрични возила. Се работи под полна пареа, светот бара електрични автомобили. Од јули до септември, eGT-NEV ја зголеми продукцијата за повеќе од двојно и вкупно за првите девет месеци од годината се извезени 22.561 електричен автомобил, главно во Европа.

DFSK и ZNA за деветте месеци извезле близу 1.000 возила на струја. СУВ-моделот Seres 3 ни се погоди за една посебна репортажа, за со електричен автомобил да го поминеме патот од изворот на Треска, во кичевско, преку Поречието и резерватот Јасен, до Скопје.

>>> Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

 

Претходна објаваOpel расте 13 месеци во низа на германскиот пазар
Следна објаваНа Toyota GR Yaris ѝ се позлати воланот: Најдобра до 35.000€

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here