Opel расте 13 месеци во низа на германскиот пазар

На матичниот пазар и воедно најголем и највлијателен автомобилски пазар во Европа, Opel во изминатите 13 месеци бележи постојано зголемување во продажбата.

Според вредните германски статистичари, во октомври во земјата биле продадени повеќе од 12.200 нови патнички автомобили од Opel. Уделот на марката под знакот на молњата во меѓувреме се искачи до 6,8 проценти. Подолго од една година наназад, секој месец му носи на Оpel во Германија поголем пазарен удел, отколку во истиот месец во претходната година.

Најсигурната потврда за трендот на продажбата ја даваа бројките од почетокот на годината. Од јануари до крајот на октомври, германскиот пазар регистрирал околу 134.000 нови патнички автомобили од Opel. Лани во истиот период биле продадени 112.000 возила. Пазарниот удел за десетте месеци изнесува 6,1 проценти, што е за 1,3 процентен бод над уделот во истиот период во минатата година.

„Нашето ново портфолио, во пар со висок квалитет на производите – тоа наидува на одличен прием на пазарот и ни привлекува клиенти. Бројките за пазарниот удел и натаму покажуваат растечки тренд и сакаме истиот да го продолжиме во преостанатите месеци до крајот на годината“, цени Андреас Маркс, шеф на Opel во Германија.

Растечката продажба се темели на привлечни кмодел со најразлични видови на погон, од најразлични класи на возила. Corsa и натаму има најголема заслуга. Шестата генерација на бестселерот во градската класа привлече 40.000 купувачи во Германија од почетокот на годината. Тоа ѝ обезбеди на Corsa водечко место во класата на градските автомобили.

Веднаш по Corsa следи компактниот СУВ-модел Mokka. Впечатливо стилизираниот модел се продава од март и веќе освои 20.000 купувачи на домашниот пазар на марката. Во октомври, Opel Mokka беше трет најпродаван модел во целиот СУВ-сегмент на германскиот пазар.

>>> Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Opel Mokka на тестот нé изненади пријатно со исклучително ниската потрошувачка на гориво, но и со релативно малата чувствителност на потрошувачката при подинамично возење.

Претходна објаваPorsche Panamera во платинесто издание
Следна објаваКинески DFM извезе рекордни 100.000 возила за девет месеци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here