Kia има велосипед на струја

Корејците ја проширија понудата на модели – со прототип на велосипед со електромотор. Двотркалецот со знак на Kia е претставен премиерно на салонот во Женева.

Електричниот велосипед на Kia е изработен во две варијанти. Едната е градски велосипед, втората е за по планини. Електромоторот е со моќност од 250 вати и испорачува вртежен момент од 45 њутнметри. Ова не е првпат Корејците да се занимаваат со возење на две тркала. Фирмата беше основана во 1944 година како производител на велосипеди.

kia keb 2

Струјата доаѓа од батерија од 36 волти, што лесно се отстранува и се приклучува за полнење во струја. Градската варијанта на велосипедот на Kia му го олеснува вртењето на педалите на возачот до 40 километри. Батериите се полнат околу четири часови. Тежината и на обете варијанти изнесува околу 20 килограми. Според регулативата на ЕУ, електромоторот му помага на возачот до брзини од 25 километри на час, а повисоките брзини му ги препушта целосно на ножните мускули на возачот.

Претходна објаваToyota е највредна автомобилска марка и во 2014
Следна објаваSmart за краткотрајно изнајмување и по улиците на Рим

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here