Извршниот директор Штефан Винкелман во интервју за агенцијата Bloomberg изјави дека 2021 е одлична година за неговата марка. Производството во Сант Агата Болоњезе е резервирано до крајот на октомври, за нови нарачки ќе мора да се чека најмалку до ноември и декември.
Lamborghini лани имаше незначително намалена продажба во споредба со 2019 година, но само поради тоа што таа беше рекордна за марката со бик во логото. Сант Агата годинава надоместува за сé. Во првиот квартал е постигната рекордна продажба, со раст од близу 25 проценти.
Сите рекорди на италијанската марка доаѓаат од ист „извор“. Тоа секако дека е суперспортскиот СУВ, Lamborghini Urus. Моделот стартуваше со продажба во 2018 година. Не изненадува тоа што 2021 е рекордна година за болоњската марка, затоа што продукцијата уште од лани беше целосно резервирана до половината од годинава.
















